Зачините не се само додаток на јадењата, тие се исто така, непроценлив лек за вашиот организам. Во продолжение прочитајте кои зачински билки се сојузници во борбата против болести и разни здравствени тегоби.
БОСИЛЕК – Листовите од босилекот соджат есенцијални масла со силно антиоксидативно и антибактериско својство. Покрај тоа, босилекот е одличен извор на железо и витамн А. Додавајте го свежо сечкан во салати и тестенини.
Жалфија – Магичната жалфија надалеку е позната по своите противвоспалителни својства. Исушете ги листовите и правете чај со кој можете да ги ублажите тегобите предизвикани од чувствителни непца, воспалено грло или болни синуси.
Свежите листови додавајте ги во сосот со кој ќе го прелиете вашиот омилен месен оброк. Само бидете внимателни со количината, бидејќи овој зачин има интензивен вкус и мирис.
КОРИЈАНДЕР – Поттикнува исфрлање на тешки метали од телото и му помага на црниот дроб во овој процес. Ја чисти кожата, ги ублажува кожните воспаленија и желудечните проблеми.
Можете да го додавате во салати, печења и смутија, а можете и да направите напиток од суви семки. Едноставно прелијте ги со врела вода и оставете да отстои 10 минути.
МАТОЧИНА – Во нашите краишта често пред спиење се пие чај од маточина затоа што смирува и изразено благотворно делува врз организмот и нервниот систем.
Меѓутоа, ситно сечканите свежи листови од маточина можете да ги додавате во овошни салати или пак во тесто за кекси и мафини. Маточината помага во лекување на афти, смирува висока темепартура и главоболка.
МАГДОНОС – За одгледување на магдоносот ќе биде потребна импровизирана градина на терасата или балконот, доколку немате двор. Овој зачин е одличен за имунолошкиот систем, помага во елиминација на вишокот течности од телото, го лекува нервниот систем и ги јакне коските.
Исто така, одличен е освежувач на здивот. Користете го свеж во супи, рижото, сосови, варива, салати и други јадења. Во јадењата ставајте го 5 минути пред крајот на готвењето, бодејќи со долготрајна термичка обработка губи голем дел од своите лековити својства.
РУЗМАРИН – Содржи кофеинска и рузмаринска киселина, два моќни антиоксиданси со лековито дејство и претставува одличен извор на витамин Е. Добро поднесува суша и сиромашно тло, па можете да го садите во тегли и да го одгледувате на своите балкони. Им дава одличен вкус на сите печени меса и компири.
МЕНТА – Има анестетички својства и дава чувство на ладење. Содржи неколку клучни витамини и минерали, но нејзиното најсилно својство е она антиоксидативното.
Благотворно делува врз дигестијата, ублажува подуеност, грчеви, киселини и запек. Ова е еден од најуниверзалните зачини. Секогаш садете го во посебна саксија, одвоено од другите билки, бидејќи е доста “наметлива” и агресивна, а и брзо расте.
Додавајте ја во овошните салати, во сладоледот, смутито или други напитоци. Листовите можете да ги сушите и од нив да правите чај.