Селенот е есенцијален микронутриент, односно минерал во траги кој е исклучително важен за нашето здравје! На нашиот организам му е многу потребен за создавање на селенопротеини кои ги штитат клетките од оксидативното оштетување.
Меѓутоа, и покрај тоа, за овој минерал многу ретко се говори и воопшто не му се придава значение, а кое навистина го заслужува.
8 НАЈВАЖНИ УЛОГИ НА СЕЛЕНОТ
Го јакне имунолошкиот систем
Селенот е есенцијален минерал кој доста придонесува кон јакнење на имунитетот. Многу е важен и за производство на глутатион-пероксидаза, ензим кој ги штити липидите во клеточните мембрани.
Токму поради ослабениот имунитет кој може да биде и поради недостиг на селен, многумина се склони на хронични настинки и грип.
Ја подобрува работата на мозокот и памтењето
Краткорочните и долгорочните проблеми со памтењето, како и ослабениот фокус и лошата концентрација, може да укажуваат на недостиг на овој минерал. Затоа би требало да ги зголемите дозите на селен, за да ја поттикнете работата на мозокот и да го подобрите памтењето.
Штити од карцином
Селенот е многу важен антиоксидативен микронутриент. Има подмладувачки ефект и штити од појава на карцином. Освен што штити од рак, селенот може да го успори растот на постоечкиот карцином.
Една германска студија, објавена во списанието Medizinische Klinik, покажала дека кај оние кои земале селен, смртноста од рак била помала, а исто така, се намалувале и шансите за рак на бели дробови и рак на простата.
Селенот исто така игра важна улога и кога станува збор за здравјето на дојките. Имено, кај жени заболени од рак на дојка, биле забележани помали концентрации на селен отколку кај здравите жени.
Ја подобрува плодноста и кај мажите и кај жените
Отежнатото зачнување и слабата подвижност на спе-рма-тозоидите, исто така, може да бидат поврзани со недостиг на селен во организмот. Голем недостиг на селен може да доведе и до неплодност кај мажите, но и кај жените. Некои студии покажале дека селенот би можел да го намали ризикот од пометнување.
Го јакне срцето и крвните садови
Ниските количина на селен во организмот го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Познато е дека овој минерал делува противвоспалително и дека ја поттикнува циркулацијата и протокот на крвта, со што ги јакне ѕидовите на крвните садови и здравјето на срцето.
Ја регулира работата на штитната жлезда
Овој минерал, имено, делува како да го поттикнува производството на активни хормони од штитната жлезда. Со дополнителен внес на селен се спречуваат симптомите од пореметена функција на штитната жлезда како што се: раздразливост, слабост во мускулите, несоница, нагло потење, слабеење и умор.
Ги ублажува симптомите на астма
Прелиминарните студии покажале дека селенот може да ги ублажи и симптомите на астма, како и отежнатото дишење. Научниците тврдат дека овој минерал би можел да биде добра дополнителна терапија за сите оние кои имаат хронична астма.
Го чисти телото од токсини и тешки метали
Токсините и тешките метали негативно се одразуваат на вашето здравје. И тука, на помош може да се повика селенот. Имено, тој за себе ги врзува тешките метали и токсините, па помага во нивната елиминација од организмот. Овој минерал исто така, спречува тешките метали да се врзат за коските, ткивата, нервниот систем и мозокот.
Некои од знаците кои упатуваат на сериозен недостиг на селен во организмот се:
-големо опаѓање на косата
-хипотиреоза (успорена работа на штитната жлезда)
ИЗВОРИ НА СЕЛЕН:
-бразилски орев (најбогатиот извор на селен во храната!)
-урми (содржат 3 пати повеќе селен од бананите!)
-банани
-грозје
-бобинки
-чиа семе
-овес
-интегрален ориз
-јачмен
-лук
-кокос
Бидејќи сенот при подготовката на храната на високи температури може да се уништи, најдобро е храната која е богата со селен да ја јадете во суров облик.
ДОЗИРАЊЕ
Исто како што недостигот на селен не е добар за здравјето, така не е добро ниту да се претерува во консумирањето. Само оптималните дози се здрави. Горната граница за токсичност на селенот е 400 микрограми – оваа доза не смее да се надмине.
Ова се препорачаните дози селен (во микрограми):
Деца од 1 do 3 години: 20 µg/дневно
Деца од 4 do 8 godina: 30 µg/дневно
Деца од 9 do 13 godina: 40 µg/дневно
Деца постари од 14 godina i odrasli: 55 µg/дневно
бремени: 60 µg/дневно
доилки: 70 µg/дневно