Рецепт и видео презентација на Том Филос – Алва. Алва е ориентална слатка на која сите и се радуваат. Направете си домашна алва и послужете ги милите гости, да ве памтат само по убаво! – порачува мајсторот Том Филос.
Потребни состојки: 300 г семки од сончоглед, 300 г сусам, 2 белки, 1 прстофат сол, 300 г шеќер, 80 мл вода и 1 лажица какао
Постапка: Семките од сончоглед (300 г) ставете ги во блендер и мелете ги додека да добиете конзистенција на влажен песок. Мелете постепено, дел по дел, за да може убаво целата количина да се сомеле на истиот начин. Истата постапка повторете ја и со сусамот.
Во посебен сад одвојте ги белките и пенасто изматете ги со прстофат сол. На оган ставете тенџере со 300 г шеќер и 80 мл вода. Загревајте со постојано мешање додека шеќерот да се растопи, околу 3 минути. Врелиот сируп додадете го во тенок млаз додека го матите снегот од белки.
Матете додека тој да стане цврст и сјаен, а потоа половина ставете во сусамот, а половина во сончогледовите семки + 1 лажица какао во прав. Промешајте ги и изедначете ги смесите. Потоа двете смеси грубо промешајте ги, а целата смесат истресете ја во некој помал калап обложен со проѕирна фолија.
Израмнете и добро натапкајте, па покријте со фолијата. Алвата оставете ја да се лади додека да се стегне. Потоа превртете ја, отстранете ја фолијата и исечете ја коцки со величина по ваша желба. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: