Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти – Како да испечете костени во рерна кои лесно се лупат?
Уживајте во овие есенски плодови пребогати со хранливи материи, на лесен и едноставен начин. Убави се варените костени, но повеќето ги сакаат печени. Тогаш го ослободуваат од себе оној карактеристичен за нив, привлечен мирис кој потсетува на убави мигови.
Потребни состојки:
500 г костени
1 литар зовриена вода
1 лажичка сол
Постапка:
Костените со остар нож засечете ги на едната страна. Во тенџере на оган ставете 1 литар вода да зоврие. Додадете 1 лажичка сол и промешајте.
Ставете ги костените во зовриената вода да се варат 5 минути. Потоа извадете ги со решеткаста лажица и ставете ги на цеделка.
Откако ќе се исцедат костените префрлете ги во плех и ставете ги во загреана рерна на 250 степени да се печат 20 минути. Оставете ги малку да подизладат, па излупете ги. Ќе видите колку лесно се лупат – во еден потег. Деталите од постапката можете да ги видите во видеото: