Според традиционалната медицина, хроничните пореметувања во спиењето обично се предизвикани поради нерамнотежата на енергијата во организмот. Кога сте во добра физичка состојба, се верува дека и енергијата слободно тече низ вашето тело, без никакви прекини.

Меѓутоа, доколку имате здравствени проблеми, тогаш веројатно постои блокада во одреден орган и тоа може да ве разбуди во текот на ноќта.

АКО СЕ БУДИТЕ ПОМЕЃУ 23 ЧАСОТ И 1 ПО ПОЛНОЌ

Ова време е поврзано со жолчната кеса. Овој орган ги разградува мастите кои сте ги внеле преку целиот ден. Будењето во ова време значи дека јадете претешка и премасна храна и дека е време да ги смените своите прехрамбени навики.

Исто така, будењето во ова време може да значи и дека во себе задржувате негативни емоции како што е горчина, гнев или себеосуда или осуда кон некој друг. Сопствените или туѓите грешки ве држат будни и од нив не можете да заспиете.

АКО СЕ РАЗБУДИТЕ ПОМЕЃУ 1 И 3 ЧАСОТ

Во ова време телото го регенерира црниот дроб кој е чистач на целиот наш организам. Будењето во овој период од ноќта може да значи дека црниот дроб ви е преоптеретен и дека работи засилено. Вашето тело ве предупредува да ја промените исхраната и да го намалите внесот на алкохол.

Исто така, будењето во ова време е поврзано со негативните емоции како што се лутина, гнев и чувство на вина поради кое не можете да се опуштите.

АКО СЕ БУДИТЕ ПОМЕЃУ 3 И 5 ЧАСОТ

Овој период е позвран со белите дробови кога најмногу собираат кислород за да го распоредат на сите органи и да ги подготват за следниот ден. Во овој период вие најдлабоко дишете, што покрај снабдување со кислород, ова обезбедува и чистење и на белите дробови.

Ако се будите помеѓу три и пет после полноќ, тоа може да биде знак дека вашите бели дробови се преоптеретени од загаден воздух, прашина, цигари, слуз, но и тешка храна. Исто така, будењето во ова време е поврзано и со чувствата како што се тага и жалење, доколку ви се случило нешто трагично и депресивно, а што не сте го прифатиле во целост или решиле како проблем.

АКО СЕ БУДИТЕ ПОМЕЃУ 5 И 7 ЧАСОТ

Ова време е поврзано со дебелото црево кое тогаш е спремно да се исчисти и да го исфрли отпадот. Овој процес на чистење и обнова е многу важен за целиот организам, а будењето во ова време може да значи дека телото е дехидрирано и дека му недостига вода.

Што се однесува до емоциите, будењето помеѓу 5 и 7 часот наутро (доколку не мора да станувате за работа) е поврзано со емоциите како што се: нетрпение, празнина, несигурност.. Исто така, тоа може да значи дека во животот ви недостига промена, повеќе акција, возбуда и вложување во себе.