После прележан грип или вироза, честопати се случува да остане долготрајната кашлица. Овој проблем најдобро е да се реши со природни препарати. Една билка посебно се истакнува кога станува збор за овој проблем, а тоа е слезот. Расте самонико и традиционално се употребува за лекување на проблеми со дишни патишта. Меѓутоа, малкумина знаат како правилно се приготвува оваа билка.

Кај секој вид кашлица основно правило е да се обидете да го спречите дополнителното надразнување и кашлицата за да се спречи понатамошно оштетување на слузокожата. Слезот за оваа намена е исклучителна. Слезот во медицината се смета за едно од најдобрите средства за обложување на слузокожата.

Таквото дејство го има благодарение на големото количество слуз. Меката структура на слузта овозможува облепување на слузокожата, па на тој начин ја штити и ги ублажува иритациите. Затоа слезот е едно од најчестите билни средства кое се користи за ублажувањ еи олеснување на искашлувањето.

Во дишниот систем екстрактот од оваа билка ги намалува спазмите на мускулите и ја обложува слузокожата, па на тој начин ја смирува сувата и иритирачка кашлица. Чајот од слез поволно делува на кашлица, инфекции на грло, бронхитис и белодробен катар. Се препорачува и како лек кај бронхијална астма и почетна туберколоза на бели дробови.

Чајот од лушпи од бадеми е исто така многу делотворно средство за лекување на кашлицата. Сувата смоква и лимонот обилуваат со огромна количина минерали и погаат во лекување на воспалени дишни патишта. Овој сируп ги обединува најсилните и најдобрите намирници во борбата против кашлицата и воспаленото грло. Посебно одговара за деца, бидејќи има пријатен вкус.

Потребни состојки:

1 кг шеќер
8 суви смокви ситно исечкани
2 лимони исечкани со кора
1 полна рака тврди лушпи од бадем
1 пакување слез (мешавина од лист, стебленце и корен)
800 мл вода

Постапка:

Најпрво се приготвува слезот, а притоа е најважно да се сочува што повеќе од неговата слуз. За да го постигнете тоа слезот треба да го потопите во ладна вода што подолго време (5-6 часа). Потребно е барем неколку часови за да почне слезот да ја испушта слузта. Најголема грешка е ако се вари слезот како што се приготвуваат другите билни напитоци.

Температурата ја разбива структурата на слузта и таа веќе не може ефикасно да се лепи на слузокожата. Се менува хемискиот состав и добивате само мал дел од лековитото дејство. Значи, слезот се приготвува така што се натопува во 300 мл ладна вода 5-6 часа. После тоа се процедува и се загрева на млака температура, само колку за да е попријатно пиењето. Со оваа течност можете да ги го навлажнувате носот (да си ставите во шишенце со капалка).

Во 300 мл растопете го шеќерот, а истовремено додадете ги и лушпите од бадемот, сечканиот лимон и смоквите. Загревајте до вриење и оставете поклопено да се лади. Кога ќе биде млако добро процедете и додадете го чајот од слез. Складирајте во стаклени тегли и чувајте во фрижидер. Поради шеќерот овој сируп има подолг рок на траење.

Дозирање: Возрасни земаат голема лажица, а децата мала, трипати на ден. Шеќерот од овој рецепт може да го замените со 1 тегла мед. Во овој случај сирупот ќе биде поредок и треба побрзо да се потроши. Медот е сигурно поздрава опција, но шеќерот подобро конзервира и го прави сирупот погуст.