Маслото од ленено семе има неверојатни лековити својства. Веројатно за ова масло и за тоа колку многу е здраво повеќепати сте слушнале или прочитале, но искуствата велат дека малкумина навистина обраќаат внимание на тоа.

Маслото од ленено семе во голема мера се применува во медицината и козметологијата, но обичниот човек многу ретко го користи. А би требало, особено жените. Содржи дури 3 пати повеќе омега 3 масни киселини од рибиното масло, а изобилува со многу витамини и минерали.

Како превентива, лененото семе се консумира на празен стомак, односно 20-30 минути пред првиот оброк. Доволно е да се консумира само 1 супена лажица. Еве кои бенефити ги има организмот од ова масло – во овие случаи е незаменливо:

ПОМАГА ВО СЛАБЕЕЊЕ

Олеинската киселина омега-9, линолната киселина омега-6, алфа-линоленска киселина омега-3 – се ефикасни активатори на слабеењето. Затоа, сите оние кои имаат проблем со вишок килограми, треба да обратат внимание на овој производ. Ова масло можете да го додавате во јогурти или салати, или да го консумирате по една лажица наутро на гладно.

ГО ШТИТИ СРЦЕТО И КАРДИОВАСКУЛАРНИОТ СИСТЕМ

Лененото масло штити од болести на кардиоваскуларниот систе, го нормализира крвниот притисок, го намалува нивото на холестерол во крвта, а исто така, го подобрува здравјето и еластичноста на крвните садови. Освен тоа, неприкосновено е кога станува збор за заштита на срцето.

ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО НА ЖЕНИТЕ

Присуството на лигнини во ова масло, делува врз активирање на нормалниот баланс на хормони во организмот. Благодарение на лененото масло полесно се поднесуваат менструалните болки и менопаузата.

ГО ОДРЖУВА МЛАДОЛИКИОТ ИЗГЛЕД НА КОЖАТА

Лененото масло ја нормализира работата на лојните жлезди. Исто така, маските на база на ова масло, поседуваат подмладувачки, хранителни и антибактериски својства. Лененото масло е добро да се користи за трепките и веѓите, а ефектот е многу подобар отколку кај рицинусовото масло кое најчесто се користи за нивно згуснување.

Освен чисто ленено масло можете да користите и мешавина од масло, мед и лимон. Оваа мешавина со причина се нарекува еликсир на здравјето и младешкиот изглед. Една супена лажица се консумира секое утро, на празен стомак, во период од 2 месеци.

Напомена: Доколку пиете одредени лекови против згрутчивање на крвта, секако посоветувајте се со вашиот лекар пред да консумирате ленено масло.