Рецепт и видео прилог на Летина кујна: Прелиена, крцкава, путер пита со сирење и павлака за готвење.
За да направите оваа пита не треба да сте експерти, потребно е само точно да го следите упатството. Ќе добиете многу вкусна пита од која сите ќе ви побараат уште едно парче.
Потребни состојки:
12 готови кори за пита
250 г ситно сирење
250 мл течна неутрална павлака за готвење
100 г путер
20 мл масло
сол по потреба
Постапка:
Путерот растопете го на тивок оган, додадете 2 супени лажици масло, и на крај додадете ја павлаката за готвење. Убаво соединете – ова е преливот за корите. Започнете го редењето на корите. За секој ролат се потребни по 3 кори.
Секоја кора премачкајте ја со преливот, а на третата ставете сирење. Виткајте како ролат и исечете го на помали парчиња и редете во намастен плех.
Одозгора премачкајте ги ролатите со преостанатиот прелив и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 25-30 минути. Деталите од постапката можете да ја погледнете овде: