Она што беше популарно на социјалните мрежи изминатиот период е објавата на една жена која сите ги зачуди.
Марија ја објави својата куќа и целиот имот кои ги нуди за бесплатно користење, со дополнителна месечна плата од 20 000 динари, но под еден услов – Дали и вие би прифатиле ваква понуда?
Оваа жена многумина ги изненади со својата објава на една фејсбук група. Таа бесплатно ја нуди својата куќа за користење, а покрај тоа дава и плата…
Имено, на групата “Мали огласи – Војводина” се појави еден оглас кој привлече многу внимание. Жена од странство која се вика Марија Н. Одлучила да ја издаде некому својата куќа во Војводина и тоа бесплатно.
Таа бара одговорна и пристојна фамилија на која би и ја дала куќата на чување и покрај тоа од неа би добивале плата од 20 000 динари под услов семејството да сака кучиња и да е подготвена да се грижи за нејзините кучиња.
Таа има неколку кучиња кои не може да ги понесе со себе во странство, а во Војводина на имотот имаат многу простор за играње и трчање.
Само потребно е некој да ги сака и да се грижи за нив. За возврат добиваат куќа и плата. Интересна понуда, во секој случај!