Понекогаш потребно е да се искомбинираат западната со медицината на Истокот за да има ефиксност лекувањето. Некогаш е помоќна западната, а некогаш источната медицина. Затоа, потребно е да бидеме отворени за сите можни алтернативни лекувања.
Традиционалната кинеска медицина ги познава тајните на акупресурата, па успешно и без лекови успева за само 5 минути да го спушти високиот крвен притисок.
Хипертензијата е болест на модерното време поврзана со зголемен психички стрес, недостиг на квалитетн сон, лоша исхрана и брзо темпо на живеење.
Речиси на секој човек понекогаш му се качува притисокот над нормалните вредности. Под влијание на стрес и нервоза или пак од прекумерна физичка активност кога има силна мускулна напнатост, крвните садови се стесниваат со што доаѓа до зголемување на притисокот.
Во тие моменти традиционалната медицина вели дека треба да ги релаксираме мускулите. И тоа, најитно што е можно побрзо. Но, сигурно се прашувате како е возможно свесно, со сопствена волја тоа да го направиме?
Лу Хунсен, лекар на фудбалскиот клуб “Спартак”, според некои медиуми, ја објавил тајната на древната кинеска медицина со која притисокот може да се регулира за само пет минути и тоа без лекови!
Кинеската медицина смета дека најважната работа е правилниот проток на крвта до мускулите и ткивата. Ова тврдење започнаа да го заземаат и голем број лекари од западната медицина. Ако некаде во организмот постои стагнација на крвта, тогаш на тоа место започнува да се развива болест.
И обратно – ако се осигура одговарачки проток на крвта, организмот ќе биде во можност брзо да ја излекува болеста. Затоа масажата на клучни точки од телото помагаат во оздравувањето. Во овој случај станува збор за две точки, а инаку ги има повеќе.
ТОЧКА БРОЈ ЕДЕН
Ова дури и не е точка, туку линија. Таа поминува од зад ушната ресичка до средината на клучната коска (погледни видео). Оваа линија не треба да се притиска, ниту да се масира, туку само полека да се мазни, речиси да се гали со нежно движење на прстите од горе надолу, едвај допирајќи со врвовите од прстите. Повторете 10 пати од едната страна, па преминете и на другата, исто така, 10 пати.
ТОЧКА БРОЈ ДВА
Оваа точка се наоѓа на делот од лицето во ниво на ушната ресичка на одалеченост од половина центиметар од увото во правец кон носот. Оваа точка треба да се масира со врвовите на прстите по 1 минута од двете страни на лицето. Притиснете силно, но никако не смеете да почувствувате болка. Не е важно, во насока на стрелките од часовникот или не. Важно е да имате чувство на притисок на одредена точка. После овој едноставен третман крвниот притисок би требало да се врати во нормала. како се изведуваат двете точки може да погледнете во видеото: