Син ми имаше инфекција на бели дробови и висока температура која со денови не му се симнуваше, а овој чај, колку и да не верував во неговата моќ – му помогна.

“Кога син ми имаше вирусна инфекција на бели дробови, само овој чај успеа да му ја симне температурата!

За среќа наша, една наша пријателка читала за лековитоста на билките и ги собрала овие толку лековити билки. Јас никогаш не би помислила дека обични листови од јагода или малина може да бидат толку многу лековити. Но, ете, токму тие го спасија син ми.”

Овој чај ни помогна кога син ми имаше вирусно воспаление на бели дробови. Чајот од оваа мешавина му ја намали температурата која не можеа да ја симнат другите лекови. Не го ни искористивме упатот за болничко лекување кој ни го даде докторката.

Напомена од НМД: Во составот влегува лист од дива јагода и не може да се замени со лист од питома! Јагодите се култивирани до тој степен за да се добие поголем плод, што на се’ друго имаат изгубено: и на лековитоста што ја имаат, на нутритивните вредности на плодот, а изгубиле дури и на вкусот. Исто така, како билки се многу почувствителни од дивите.

Потребни состојки:

-лист од дива јагода
-лист од малина
-лист од капини

Постапка:

Еднакви количини сува билка се мешаат во сад. Една лажица од мешавината се прелива со 200 мл врела вода и се поклопува. По 15-20 минути се процедува и се консумира. Се пие трипати дневно во текот на 3 седмици. Се прави пауза од една седмица и се повторува постапката – за целосно прочистување и детоксикација на организмот.

За висока температура и настинки се пие по потреба, по 3-4 пати во текот на денот.

Листовите од дива јагода, оние шумските, самоники (Fragaria vesca) содржат многу витамин Ц и железо, исто како шипинките не ги губат своите лековити својства.  Листовите може да се употребуваат свежи или суви.

Освен што добро делуваат на имунолошкиот систем, имаат и противвоспалително дејство и благотворно делуваат кај состојби како што се ревматизам и артритис.

*Во мешавината може да се додаде и лист од црна рибизла. Чајот од лаванда исто така ја намалува температурата.