Дали знаевте дека недостигот на железо во крвта е чест проблем ширум светот?

СИМПТОМИ за недостиг на железо може да бидат:

-замор
бледа кожа
-слабост
-краток здив
-болка во градите
-чести инфекции
-главоболка
-вртоглавица
-ладни раце и нозе
-кршливи нокти
-тахикардија
-лош апетит, особено кај децата
-неугодно чувство на трпнење, особено во нозете (синдром на немирни нозе).

Ако чувствувате некои од овие симптоми, во препорачуваме да го проверите железото во крвта, веројатно сте анемични.

КАКО ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА АНЕМИЈА ПРВЕНСТВЕНО СЕ ИСТАКНУВААТ КОПРИВАТА И МЕДОТ

Зошто копривата и медот се толку значајни за бројни болести, особено за анемијата?
Изобилуваат со калциум, магнезиум, железо, Б комплекс, витамин Ц, А, Д и К, како и протеини, јод, бор, манган, цинк, бакар и сулфур.
Копривата е: диуретик, астрингент, хранлива, антиревматска, антиалергиска, деконгестивна, антихистамин.

За тоа колку е моќна оваа единствена билка говори тоа што копривата има потенцијал за лекување на следните болести:

-копривата го стимулира лимфниот систем за подобрување на имунитетот;
-ги ублажува симптомите на артритис;
-го поттикнува чистењето на уричната киселина од зглобовите;
-ја подобрува функцијата на надбубрежните жлезди;
-помага кај дијабетес мелитус;
-поттикнува лачење на млеко кај доилки;
-ги олеснува симптомите на менопауза;
-помага кај менструални грчеви и подуеност;
-помага во разградување на бубрежни каменчиња;
-намалува хипертензија;
-помага кај болести на дишни патишта;
-помага кај болни од астма;
-запира крвавење;
-намалува воспаленија;
-намалува проблеми со кожата;
-лекува алергиски ринитис;
-лекува настинки;
-помага кај остеоартритис;
-лекува дијареа;
-помага кај гастроинтестинални болести и запек;
-помага во лекување на Алцхајмерова болест;
-уништува паразити;
-го поддржува ендокриното здравје, помагајќи ја штитната жлезда, слезината и панкреасот.

Можете да пиете издробена коприва во врела вода секојдневно, кај сите наведени болести, но секако во договор со вашиот лекар.
Копривата е богата со железо и со витамин Ц кој му помага на телото подобро да го апсорбира железото. Тоа е корисно во лекувањето на анемијата и хроничниот умор предизвикан од ниско количество на железо во крвта.

МЕД КАКО ЛЕК ЗА АНЕМИЈА

Одамна медот е користен како крана и лек. Секојдневната употреба на медот го јакне вашиот имунолошки систем, ве штити од вируси и бактерии, како и од слободни радикали.

Медот има антибактериско, антивирусно, антигабично и антиоксидативно својство и затоа се препорачува за сите, бидејќи со консумирање на медот се јакнеме и го развиваме својот организам, го забрзуваме опоравувањето од болестите и го успоруваме стареењето. Постојат повеќе видови мед, а за лекување на анемија се користат темните сорти.

ЕЛИКСИР ОД КОПРИВА И МЕД ЗА АНЕМИЈА

Еликсирот од коприва и мед ќе ви овозможи да примите доволно минерали и витамини кои се особено корисни за лицата со дијагноза – анемија.
Можете и сами да си го направите еликсирот, додавајќи во копривата мед и куркума, за да добиете што побрзи резултати.

Потребни состојки:

15 свежи млади коприви
3 лажици куркума
1 литар сиров органски мед

Постапка:

Измијте ја и исцедете ја копривата. Користете соковник за да добиете сок од коприва. Пригответе пропорции 1:3 – 1 шолја сок од коприва и 3 шолји мед.
Ставете го сокот од коприва во подлабок сад, додадете мед и куркума и добро промешајте. Добиената смеса оставете ја во фрижидер или на темно суво место.
Употреба: 1-2 чајни лажички разматете во чаша вода – по можност топла. Пијте двапати дневно.

РЕЦЕПТ СО СУВА КОПРИВА

Потребни состојки:

2 лажици сува мелена коприва
1 лимон сок
1 лажица куркума
1 лажица поленов прав
1 лажичка маслиново масло
1 прстофат црн пипер
6 лажици мед

Постапка:

Сувата коприва сомелете ја и измешајте ја со лимоновиот сок. Додадете куркума, масло и црн пипер, па убаво промешајте. На крај додадете поленов прав и мед. Изедначете ја смесата. Ова се основните пропорци, а според потребите зголемете ги количините. Смесата складирајте ја во стаклена тегла и чувајте во фрижидер.
Употреба: По една лажица разматено во млака вода, наутро и навечер.