Факторите кои влијаат врз оштетување на видот вклучуваат старост, работна професија, повреда и неадекватна функција на црниот дроб и бубрезите. Како можете сами да го поправите и да го вратите видот, прочитајте подолу во текстот, некои од советите се драгоцени.

Лошиот квалитет на живеење може да предизвика проблеми со видот. Ни станува сè потешко да работиме и потребно ни е подолго време да одмориме.

ПРИЧИНИ ЗА ОШТЕТУВАЊЕ НА ВИДОТ:

За почеток вреди да се утврдат причините за оштетување на видот, а експертите наведуваат две главни причини: надворешни и внатрешни.

1.Надворешни причини: недоволна осветленост на собата, прекумерен стрес, повреда и слично.

2.Внатрешни причини: недоволна функција на важни органи како што се црниот дроб и бубрезите.

На прв поглед ќе си речете дека очите и црниот дроб имаат исто онолку заедничко колку што имаат млекото и шампањот. Меѓутоа, колку нам тоа да ни звучи чудно, сепак меѓу овие два органи има поврзаност.

Во традиционалната кинеска медоцина, дисциплината датира повеќе од два милениуми, и се смета дека сите проблеми со очите се тесно поврзани со функцијата на црниот дроб.

Црниот дроб произведува аминокиселини кои го хранат мозокот што е многу важно за очниот нерв. Кога доаѓа до пореметување на филтрационата способност на бубрезите, талогот од неоргански калциум кој се таложи во садовите, понатаму делува многу негативно врз мозокот, срцето и видот.

МЕТОДИ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА ВИДОТ

Пред сè, потребно е да се врати функцијата за филтрација на внатрешните органи. Надворешно, ние самите можеме да помогнете со масажа на стомакот: легнете врз топка за пилатес или со рацете правете нежни кружни и хоризонтални движења околу папокот (самомасажа).

Страничните делови од вратот се проекционо подрачје на бубрезите. Важно е да елиминира грчот и напнатоста на мускулите. Во овој случај ќе ви помогне рачната масажа. Истовремено ќе се подобри снабдувањето со крв во лицевите мускули, устата, мозокот и очите.

Како моментно можете да си помогнете на својот вид?

Најпрво одречете се од солените, слатките и пекарските производи. Важно е да јадете намирници богати со витамин А.

Втора важна работа, за да ја обновите функцијата на бубрезите, корисно е да пиете по 30 мл вода на 1 кг телесна тежина во текот на денот. Покрај тоа, добро е да се пие чај од магдонос во правилни интервали, во период од околу 3 месеци.

За видот е важно да се радувате, да се опкружите со добри емоции. Позитивниот ментален став секогаш благотворно делува врз опоравокот и подобрувањето на телесната состојба.