Рецепт и видео прилог на: Cucina Facile Tashev – Пита со пилешко месо.
Потребни состојки:
400 г брашно
140 мл млеко
120 мл топла вода
30 мл масло
1 кесичка сув квасец (7 г)
1 белка од јајце
1 лажичка сол
½ лажичка шеќер
За фил:
600 г пилешки гради
2 главици кромид
масло
сол, црн пипер по вкус
200 г рендан кашкавал
1 домат
магдонос
жолчка за мачкање одозгора
Постапка:
Во подлабок сад измешајте 140 мл млако млеко, 120 мл млака вода и една белка од јајца. Брзо изматете со маталката за да се соедини белката со топлата течност. Во смесата додадете една кесичка сув квасец, половина лажичка шеќер и една лажичка сол. Брашното постепено додадете го.
На почетокот мешајте со лажица/шпатула, а на крај тестото истресете го врз набрашнета работна површина и домесете го рачно. Отако ќе добиете меко и малку лепливо тесто, полијте го со 30 мл маслиново масло и нежно домесете го додека да се впие во тестото. Доработете го со удирање од површината за да добие повеќе на еластичност. Оставете го во малку малку намастен сад да стасува околу 45 минути на собна температура. За тоа време пригответе го месото.
За фил: На загреано масло пропжете две главици ситно исечкан кромид, па додадете го месото исечкано на коцки. Пржете неколку минути и зачинете со сол и црн пипер по вкус. Тргнете ја тавата од оган кога месото е до половина зготвено.
Стасаното тесто истресете го на набрашнета површина и поделете го на 6 делови. Од секој дел формирајте топче. Со помош на оклагија од 4 топчиња развлечете кори со величина на поголема чинија. Од преостанатите две топчиња развлечете правоаголни кори, сечете долгнавести ленти, па две по две соединувајте ги и сучете ги спирално за на крај да ги споите како венче.
Овие венчиња ставете врз корите и оставете ги да одморат 15 минути. Внатрешноста на питите полнете ги со испрженото месо, одозгора наросете сечкан магдонос, тркалца од домат и рендан кашкавал. Премачкајте ги венчињата со жолчка и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути додека убаво да заруменат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: