На сите ни се познати поволностите од медот, ама ретко кој знае за предностите кои ги нуди медената вода.
Медената вода уште одамна е користена за лекување на разни болести и во козметички цели.
Како се приготвува медена вода:
Една кафена лажичка мед промешајте во чаша со млака вода (може и обична вода од чешма). Од овој напиток се добива 30% раствор од мед.
Научно е докажано дека медот во комбинација со вода формира кластерно соединение кое ја зголемува лековитоста. Медената вода брзо и целосно се апсорбира во организмот.
Зошто е лековита медената вода?
Го нормализира варењето на храната, ја подобрува функцијата на цревата, го подобрува имунитетот, лекува настинки, бронхитис, го извлекува секретот од организмот на природен начин – преку цревата.
Сите видови на паразити кои се населени во дигестивниот систем на човекот “не ја сакаат” жолтата (златната) боја. Ако внесете храна со жолта боја како медот, тие престануваат да се размножуваат и настанува санација на цревата.
Затоа во почетокот може да забележите зголемување на обемот во струкот, но тоа не треба да ве плаши. За тоа постои едноставно објаснување: настанува чистење во организмот. Овој процес поминува за краток период.
Чистењето во организмот работи на клеточно ниво. Се зголемува антибактериското и антивирусното дејство.
Се нормализира работата на дебелото црево. Консумирање на медена вода е добар начин за обновување на цревната микрофлора. Го лекува неконтролираното ноќно мокрење (ноктурија).
Како се пие медената вода?
Медената вода како превентивна цел треба да се пие наутро, на празен стомак и пред спиење. Треба да се испие веднаш.
Пиењето на медената вода навечер ја спречува појавата на оток и ја олеснува работата на бубрезите. Водата се пие свежо подготвена. Никогаш не ја правете од претходната вечер.
Со медената вода може да се промива лицето. Помага во негување на кожата, ја прави на изглед свилена и мека. Ова е одлична природна козметика, а воедно и најстара и многу позната техника на негување.
За НМД.мк текстот го приготви Мартина Христовска.