Ова е еден од оние рецепти кои се приготвува од многу малку состојки кои веќе ги имаме дома, а се добива многу вкусен колач и тоа за многу кратко време.
Затоа, запишете си го рецептот и направете го во првата пригода. Одозгора можете да го наросите со шеќер во прав, да го премачкате со крем или да го прелиете со чоколадна глазура. Ќе ве воодушеви.
Потребни состојки:
2 јаболка
5 јајца
200 г шеќер
½ кесичка прашок за печиво
1 голема лажица џем по ваш избор
150 г брашно
50 г какао во прав
Постапка:
Јаболката излупете ги и исечете ги на коцкички. Може да ги испрскате со лимонов сок доколку сакате и оставете ги кратко на страна. Јајцата раделете ги, па белките со 3 големи лажици ладна вода измиксајте ги со цврст снег. Додадете шеќер, 1 голема лажица џем, а потоа една по една жолчка. Матете цело време додека не се соединат состојките што ги додавате една по една.
Просејте го брашното заедно со какаото и пашокот за печиво, па нежно со шпатула или лажица промешајте ја смесата да се изедначи но да остане воздушеста. На крај додадете внимателно додадете ги сечканите јаболка.
Калапот добро намастете го со путер и малку наросете го со брашно. Излејте ја смесата, израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 40 минути. Оставете го колачот 15 минути во калапот, па со помош на чинија превртете го. Наросете го со шечер во прав или направете чоколадна глазура по ваш избор.
Coolinarika.com