Зглобовите и коските престануваат да болат штом се исчистат од солите: Ова е метод според докторот Малохов за потполно чистење и опоравување на коскениот систем.
Доктор Малахов тврди дека само после две недели зглобовите и коските ќе престанат да ве болат и дека целиот коскен систем ќе биде многу помобилен.
Г.П.Малахов, руски доктор и експерт по народна медицина кој напишал повеќе од 60 книги, во една од своите книги има детално објаснето како да се излекуваат зглобовите и коските.
Имено, со текот на времето во ткивата се таложат калцификати кои треба да се исфрлат и кои се причина за воспаленија и ограничено движење во зглобовите.
Тој наведува еден многу едноставен рецепт за чистење на солите од организмот. Оваа терапија би требало да се спроведе, по можност, откако ќе се исчисти дебелото црево со клистир од остатоци и скаменети парчиња од екскрементот, но секако и без клистирот, оваа терапија има ефект.
Навечер, во 300 мл зовриена вода, ставете 5 ловорови листови кои е најдробо да се издробат. Варете ги 5 минути, па тргнете ги од огнот (може и во термос). Оставете да отстои поклопено преку цела ноќ.
Следниот ден процедете и пијте по малку, во мали голтки, во текот на целиот ден. Не смее да се испи целиот раствор одеднаш!
Три ноќи по ред правете раствор од ловор и пијте три дена. После пауза од седум дена може да се повтори по потреба. За хронични болести на зглобовите и коските растворот се пие пет дена по ред, па се прави пауза од 7 дена.
Во текот на спроведувањето на третманот немојте да се исплашите доколку забележите дека урината ви е црвенкаста или често имате потреба за мокрење. Тоа е вообичаено, бидејќи солите од организмот почнуваат интензивно да се раствораат и така го дразнат мочниот меур.
После две седмици, Малахов тврди дека ќе престане да ве болат зглобовите и дека ќе забележите како целиот коскен систем станува многу помобилен. Тоа значи дека лекувањето со ловорот успеало. Ако и натаму чувствувате болки – повторете ја терапијата.