Фото и рецепт на Елена Мишковска од Македонска кујна, некогаш и денес

Ова е еден стар рецепт за колачиња (ванилици) кои ги правеа нашите мајки и баби. Се замесуваат со свинска маст, но маста може да се замени со путер или маргарин, по потреба.

Потребни состојки:

200 г маст
150 г шеќер (јас ставив кафеав)
2 јајца
1 ванилин шеќер
рендана кора од лимон
400 г брашно
1 прашок за печиво
мармалад до зрели смокви (или по вкус) за лепење на колачите
шеќер во прав + ½ лажичка цимет + ½ лажичка мускатно оревче – за наросување одозгора

Постапка:

Маста се остава малку на собна температура, па со виљушка се меша со шеќерот. Се додаваат јајцата, па се соединуваат со ванилин шеќер и лимонова кора.

На крај се додава брашното помежано со прашок за печиво. Ме замесува мазно тесто, се развлекува кора на набрашнета површина со дебелина од 5 мм, па со мофла се вадат формите на колачињата.

Се редат во плех обложен со хартија и се ставаат во претходно загреана рерна на 180 степени. Се печат околу 10-15 минути. Откако ќе изладат се лепат една со друг со мармалад или џем по избор, па се валкаат или наросуваат со шеќер во прав. Вкусот е неодолив.

Фото и рецепт на Елена Мишковска