За да го приготвите мевлемот ќе ви бидат потребни само три состојки.
Проширените вени се всушност заболени крвни садови, најчесто на долните екстремитети. Венските залистоци стануваат нефункционални, па поради тоа доаѓа до венски рефлукс, а тоа пак, доведува до ширење на венските ѕидови и создавање на испакнатини, односно она што се нарекува “проширени вени”.
Ваквите крвни садови не се во можност да ја извршуваат својата функција и да ја пумпаат крвта кон срцето. Доколку не се лекуваат проширените вени може да создадат големи компликации.
Недоволната физичка активност, бременоста и дебелината се некои од факторите поради кои доаѓа до проширени вени. Генетиката исто така, може да биде виновник.
Овој домашен лек може да ги ублажи и излекува проблемите со проширени вени. Сè што е отребно се само неколку состојки.
Потребни состојки:
½ чаша рендан или сечкан морков
3 лажици алое вера гел
½ чаша оцет (винска или јаболкова киселина)
Постапка:
Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете хомогена смеса. Нанесете врз памучна ткаенина и обложете ги проширените вени. Фиксирајте со компресивен завој, но внимавајте да не стегнете премногу за да не ја спречите нормалната циркулација. Оставете да делува најмалку половина час, најдобро пред спиење, секој ден.
ВЕЖБА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПРОШИРЕНИ ВЕНИ – ПОСЛЕ 20 ДЕНА СЕ ПОВЛЕКУВААТ, А ОТОКОТ И ПОДЛИВИТЕ ИСЧЕЗНУВААТ
Редовното изведување на оваа вежба ќе го спречи развојот на проширените вени и ќе помогне во нивно повлекување. Вежбата се состои од 4 сета со 20 повторувања.
1.Седнете на столче со исправен грб, нозете спојте ги, па клацкајте се на стапалата (пета-прсти) и така 20 пати.
2.Во стоечка положба придржувајте се за столчето или друга цврста подлога, па клацкајте се на стапалата (пета-прсти) 20 пати.
3.Застанете исправено и потпрете се на ѕид со грбот. Рацете испружете ги пред себе во ниво на рамењата. Клацкајте се пета-прсти, 20 пати.
4.Застанете исправено, длабоко вдишете додека се качувате на прсти а рацете ги дигате во вис. Потоа издишете, враќајќи се на пети и спуштајќи ги рацете покрај телото.