Рецепт и видео прилог на Марко од Како Да Готвиме (How 2 Bake It) – Слаткарски крем.
Ова е најдобриот крем за принцес крофни, со полн вкус кој не може да се замени со обичниот од пудинг со ванила.
Потребни состојки:
650 мл млеко
2 ванилин шеќер
120 г шеќер
40-50 г густин (50 ако ви е потребен погуст крем како за на пр. Принцес крофни)
2 цели јајца
2 жолчки
Постапка:
Во еден подлабок сад ставете ги јајцата, жолчките, шеќерот и ванилата, па изматете со маталка додека смесата малку да осветли. Потоа додадете густин и добро промешајте да нема грутчиња.
Постепено додавајте го млекото и мешајте цело време додека убаво да се изедначи. Садот ставете го на умерен оган и загревајте со константно мешање. По потреба намалете ја температурата.
Најдобро е кремот да се вари на тивок оган малку подолго време, но така ќе одбегнете опасност да ви загори. Мешајте цело време додека да згусне.
Покријте го кремот со проѕирна фолија за да не фати коричка и оставете да излади. По желба кремот можете да го соедините со пенасто изматен путер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: