Од Австралија ни пристигна еден многу ефикасен рецепт препорачан од дерматологот Даг Вилсон, а со чија помош успешно може да се третираат дамките на кожата и да се постигне нивно избелување.
Народната медицина секогаш има решение речиси за сите проблеми, па така може да го реши и проблемот со дамките кои се појавуваат на кожата во повозрасно доба.
Австралискиот доктор Даг Вилсон, автор на книгата “Стареење за почетници”, открива моќно решени за брзо отстранување на старечките пеги.
Пегите се јавуваат и кај млади лица како резултат на прекумерно изложување на сонце.
ПОСЕТЕТЕ ЛЕКАР ДОКОЛКУ ГИ ЗАБЕЛЕЖИТЕ СЛЕДНИВЕ ЗНАЦИ:
-Ако дамките брзо растат;
-Црвенило, крвавење, чешање и чувствителност на кожата;
-Ако дамките се многу темни
Меѓутоа, ако имате едноставни старечки пеги, истите можете да ги отстраните и со природни рецепти.
Докторот Даг Вилзин открил природно, брзо и моќно решение кое помага да се отстранат старечките пеги. Природниот “лек се состои од јаболкова киселина и сок од кромид.
РЕЦЕПТ
Излупете го кромидот и исечете го на парчиња. Ставете го во блендер или во соковник и мелете го додека да добиете каша. Додадете иста количина и јаболкова киселина, па уште малку промешајте (користете приближно иста количина од двете состојки).
После тоа нанесете ја смесата на памучна крпа, па ставете како облога на рацете и местата каде имате старечки пеги (зона на деколте и слично). Оставете да делува половина час, а потоа темелно исплакнете со ладна вода.
Ако ви преостане од смесата, складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер до 20 дена.