Маслото од мирудија/копар го чисти црниот дроб од маснотии и токсини, а чајот помага во слабеење. Ова е моќна и лековита билка која врши детокс на целиот организам, ги ублажува воспаленијата и спречува рак.
Копарот одамна се користи како зачин, поради пријатниот вкус и мирис, но поради своите лековити својства се сметал и за дар од Бог.
Од копарот се користи целата билка, и листот, цветот и семето, а помага за следниве состојби: лошо варење на храната, несоница, ослабен имунитет, кашлица, настинка и грип, лош апетит, икање, лош здив, артритис, заболен црн дроб, за чистење на крвта, против мачнини и пореметен менструален циклус
Се одгледува во цела Европа, особено во Средоземјето и Блискиот Исток, а расте во природни региони со умерена и пријатна клима. Едно сирово гранче мирудија содржи малку калории и богато е со витамините А, Б и Ц и минералите натриум, калциум, калиум и магнезиум.
Кога купувате свеж копар обратете внимание – стеблото и листовите треба да бидат зелени. Ако содржат пупки, тоа значи дека билката е презреана.
Свежиот копар има одлична арома која потсетува на анисот и се препорачува како додаток на готвените јадења. Се препорачува во бројни рецепти во секојдневната исхрана, бидејќи дава пријатен вкус и го олеснува варењето.
Овој зачин штити од бројни заболувања. Чајот помага при варење, го смирува желудникот и ги елиминира грчевите. Чајот од мирудија е благ напиток кој во големи количини треба да го пијат луѓе кои патат од опстипација – ќе го забрза метаболизмот и ќе поттикне подобра дигестија.
МАСЛО ОД КОПАР – Оваа билка содржи драгоцено етерично масло чија основна состојка, според проучувачите, ги ублажува воспаленијата и спречува појава на рак. Материите кои се содржат во копарот го спречуваат растот на канцерогените клетки и во одредени случаи ги наведуваат на самоуништување.
Покрај тоа, лековитата билка содржи селен, важен минерал кој игра основна улога во функционирањето на црниот дроб и чисти од токсини кои се сметаат за клучни фактори во појавата на рак.
ЧАЈ ОД КОПАР ЗА СЛАБЕЕЊЕ – Копарот помага за детоксикација на телото и спречува таложење на течности во организмот. Делува како благ диуретик кој го забрзува уринирањето. Научниците утврдиле дека Чајот од копар е многу важен во контролирањето на факторите кои се поврзани со телесната маса, како и со апетитот и губиток на енергија.
Покрај тоа, растителните влакна кои се наоѓаат во мирудијата го продолжуваат чувството на ситост и го намалуваат апетитот, ја олеснуваат контролата за примање храна и ограничување на дневниот внес на колории.
Фитоестрогенот кој се наоѓа во копарот е многу важен за регулулирање на репрофуктивниот циклус кај жените, но исто така влијае и врз плодноста. Благодарение на овие предности, чајот од копар е одличен помошник во процесот на дигестија, со огледн на тоа што спречува запек и помага во намалување на лошиот холестерол во крвта.
РЕЦЕПТ – Една лажица свежо исечкан копар прелијте со 250 мл зовриена вода, поклопете и после 3-4 минути процедете и пијте незасладено со неколку капки лимонов сок.
ЗА ПОДОБРО ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА – По 20 г семе од копар, анир, морач, ангелика и ким. Добро измешајте, па една лажица прелијте со 200 мл зовриена вода. После половина час поклопено, процедете и пијте после јадење.
ПРОТИВ ИКАЊЕ – Со 250 мл зовриена вода прелијте 4 лажички семе од копар или 2 лажички исечкан лист, па оставете поклопено 4 минути. Процедете и пијте незасладено.
ПРОТИВ НЕПРИЈАТЕН ЗДИВ – Десет капки етерично масло ставете на коцка шеќер, изедете а потоа испијте чаша вода. Може да се џвакаат и свежи листови од копар.
ПРОТИВ НЕСОНИЦА – Измешајте по 25 г копар, маточина, хмељ и валеријана. Една лажичка од мешавината прелијте со 250 мл зовриена вода, потоа поклопете и оставете да отстои најмалку половина час. Процедете и пијте засладено со мед.