Рецепт и видео прилог на Драгана Михајловиќ од каналот “Направи Сама – Идеи за креативци” – Евтин колач со кокос.

Денес со вас споделувам рецепт за еден прекрасен колач. Се прави многу едноставно и брзо, а резултатот е мек, кремаст и вкусен колач кој штеди и време и пари.

Потребни состојки:

1 литар млеко
7 лажици гриз
4-7 лажици шеќер, по вкус
2 ванилин шеќер
200 г кокос

за бисквит:

2 белки од јајце
1 прстофат сол
7 лажици шеќер
2 жолчки
100 мл масло
200 мл млеко
200 г брашно
1 прашок за печиво
2 лажици какао
плех 33х22 см, се пече на 180 степени

Постапка:

Ставете го млекото на оган, а кога ќе зоврие ставете 7 лажици гриз. Промешајте и намалете ја температурата. Додадете 4,5 лажици шеќер и 2 кесички ванилин шеќер. По вкус додадете уште шеќер. Промешајте и варете на тивок оган уште 2-3 минути, па додадете и 200 г кокос. Убаво изедначете и изгасете ја ринглата. Оставете го филот убаво да се олади.

За тоа време пригответе го бисквитот: Изматете ги белките со прстофат сол. Постепено додавајте 7 лажици шеќер и матете со миксерот додека да добиете цврст снег. Потоа додадете ги и двете жолчки. Постепено додадете и 100 мл масло, а додека матите додадете и 200 мл млеко.

Во брашното промешајте една кесичка прашок за печиво, па постепено додадете го во смесата додека матите. На крај додадете и две полни супени лажици какао. Изедначете. Плехот со величина 33х22 см намастете го, па во него излејте една половина од смесата и израмнете. Кората испечете ја во претходно загреана рерна на 180 степени околу 8 минути.

Доволно е да се формира коричка за да можете да го нанесете филот. Извадете го плехот, па рамномерно распоредете го филот со кокос и израмнете. Одозгора прелијте ја втората половина од какао. Вратете во рерна да се допече уште 20 минути. Колачот оставете го да излади па одозгора наросете го со шеќер во прав и малку кокос. Деталите од постапката моете да ги погледнете во видеото: