Рецепт и видео прилог на Том Филос – Лазањи со палачинки.
Ако ви останале вишок палачинки, ова е одличен рецепт за да си приготвите многу вкусно јадење. Потребно е малку повеќе време за да се приготви, но толку многу ќе ви се допадне, што ќе го имате многу често на трпезата…
Потребни состојки:
Брашно, вода и малку сол за смеса за палачинки (за 15-20 парчиња)
100 г путер
100 г брашно
1 литар ладно млеко
сол, црн пипер по вкус
200 г рендан кашкавал
2 жолчки
2 главици кромид
1 голем рендан морков
2-3 чешниња лук
1 кг мелено месо
250 мл доматно пире
сув зеленчуков зачин или зачини по вкус
сол, црн пипер по вкус
1 лажичка црвена зачинска пиперка
рендан кашкавал
Постапка:
Од брашно вода и малку сол изматете смеса за палачинки која треба да биде со густина на јогурт. Доколку имате свој рецепт според кој ги приготвувате рецептите, слободно послужете се со истиот. Потоа на тава за палачинки испечете ги палачинките и редете ги една врз друга.
За бешамел: На тивок оган растопете 100 г путер или маргарин, а потоа додадете 100 г брашно. Промешајте за да се запржи малку брашното. Постепено додадете 1 литар млеко со постојано мешање. Зачинете со сол и црн пипер по вкус. На крај додадете 200 г рендан кашкавал. Мешајте додека да ја добиете саканата густина и кремаста структура. Пред самиот крај исклучете го огнот и додадете 2 жолчки, па многу брзо и енергично промешајте за да се соединат.
За болоњезе: на малку загреано масло запржете две главици кромид ситно исечкани, па додадете еден поголем рендан морков и ситно сечкано лукче. Промешајте и продолжете со динстањето. Во смесата додадете и 1 кг мелено месо, па пропржете го додека да ја смени бојата и да испарат соковите. Пред крајот додадете 250 мл доматно пире, промешајте и зачинете по вкус.
Плегот добро намастете го со путер. Неколку палачинки пресечете на половина, па со рамната страна обложете ги краевите на плехот, а во средина ставете една цела палачинка (погледни видео). Потоа рамномерно нанесете болоњезе сос, па бешамел сол и одозгора наросете малку кашкавал.
Ставете втор слој палачинки и повторувајте ја постапката додека да го потрошите материјалот. Одозгора прелијте бешамел сос и малку рендан кашкавал, па ставете да се пече во загреана рерна на 230 степени околу половина час. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: