Рецепт и видео прилог на Милица Божиќ – Брзи пирошки со сирење и шунка.
“Бев на летување на море и таму пробав печива слични на мекици или пирошки. Ме потсетија на нашите печива, но со таа разлика што беа доста масни. Тогаш се сетив дека јас имам одличен рецепт за пирошки кои се многу вкусни, а не впиваат масло. Она што е најдобро од сè е тоа што се готови за само половина час!”, вели Милица.
Потребни состојки:
3 јајца
400 г брашно
500 г сирење
1 прашок за печиво
сол по вкус
масло за пржење
за фил:
150 г шунка
150 г сирење
Постапка:
Во поголем сад измешајте го прашокот за печиво со брашното, потоа додадете три јајца и на крај додадете ситно сирење или фета сирење изгмечено со виљушка. Ако сирењето не е солено, додадете сол по вкус. Во спротивно нема потреба. Полека замесете ги сите состојки со рака.
На почетокот можеби ќе ви се чини дека тестото е тврдо, но колку подолго го месите тестото ќе видите дека е сосем меко, убаво и компактно. За ова тесто нема потреба ни 5 минути да се чека да стасува. Истресете го тестото на набрашнета работна површина и малку премесете го за да не се лепи. Поделете го на два дела за полесно да се развлечува.
Пред да започнете со развлекувањето, вклучете ја ринглата на 4 од 6, односно маслото да се загрее на средна температура. Кората развлечете ја со средна дебелина (половина прст), па пресечете ја на ленти. Филувајте со сирење и шунка или по желба, а вкусни се “клот”, без ништо. Свиткајте ги со преклопување за да се затворат.
Пржете ги во загреано длабоко масло, на умерена температура. Превртувајте ги неколку пати. Потребни се околу 5 минути за да се испржат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: