Рецепт и видео прилог на Домашен Готвач – Штрудла со вишни и пудинг од ванила.

Многу вкусни ролати со крем од ванила и вишни, комбинација која совршено си одговара. Може да користите свежи или смрзнати вишни.

Потребни состојки: 9 лажици шеќер, 3 пудинг од ванила, 1 литар млеко. За премачкување: 3 јајца, 3 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 150 мл масло, 200 мл јогурт, 150 г гриз, 1 прашок за печиво. И уште: 500 г готови кори и 600 г вишни

Постапка: Одземете малку млеко (200 мл), па во него промешајте ги пудинзите и шеќерот, а остатокот млеко (800 мл) ставете го на оган. Кога ќе зоврие намалете ја температурата и во тенок млаз додајте ја мешавината. Мешајте постојано додека кремот да згусне, па оставете го на страна додека малку да излади.

Во длабок сад издвојте ги белките и пенасто изматете ги додека да добиете цврст снег. Потоа додајте ги жолчките и соединете ги. Додека постојано матите додајте и 3 лажици шеќер и 2 кесички ванилин шеќер, па матете додека да се растопат.

Во смесата додајте 150 мл масло и без да го прекинувате матење ставете и 200 мл јогурт. На крај додајте 150 г гриз и 1 кесичка прашок за печиво. Изедначете ја смесата која ќе послужи за премачкување на корите.

Половина килограм готови кори отворете ги, па врз еден лист нанесете неколку лажици од смесата и премачкјате преку целата површина. Поклопете со втора кора, па и неа премачкајте ја. Повторете и со третата кора, а преку четвртата кора нанесете пудинг на едниот крај, свиткајте го ролатот малку (2 вртења), па ставете 3 лажици вишни исчистени од семки, па продолжете со виткањето на ролатот.

Ќе добиете три вакви ролати. Наредете ги во плех обложен со хартија, а одозгора премачкајте ги со остатокот од преливот. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути. Печените штрудли откако ќе изладат наросете ги со шеќер во прав. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: