“Ова е многу ефикасен метод за кој првпат дознав кога бев во Шабац во посета на мои роднини”, раскажува една анонимна жена за читателите на НМД.мк
“Уште како дете честопати страдав од воспалено грло и често ми загнојуваа крајниците, од кои и денес неретко боледувам. Постојано бев по лекари и како терапија добивав комплет од 10 инјекции или долготрајни антибиотски терапии.
Кога бев тинејџерка секое лето одев кај тетка ми во Шабац во Србија, а таа многу следи народна медицина и препораки од германски доктори.
Едно лето, само што пристигнав кај неа, веднаш ме фатија крајниците, имав болки при голтањето и температурата ми се покачи. Таа ми подаде чаша со студен јогурт и ми рече да го испијам “на екс.”
Во истиот миг почувствував олеснување и болката како да исчезна. После 5 минути ми принесе уште една чаша со студен јогурт. И така, на неколку наврати испив вкупно 2-3 литри јогурт.
Следниот ден ми беше подобро, но продолжив да пијам студен јогурт некаде до вечерта, кога се чувствував одлично. Оттогаш постојано го применувам овој метод и секогаш со успешен резултат.
Еднаш и споменав и на мојата матична докторка, која ми го потврди ова и ми објасни медицински како делува. Имено, кога се воспалени крајниците и воопшто грлото, локално се развива температура, на што реагира целото телото и доколку не се спречи навремено, температурата може да се покачи и до 40 степени Целзиусови.
Со студениот јогурт или сладолед, всушност се “гаси пожарот” во грлото и не се дозволува проширување на инфекцијата, напротив, таа се спречува.
Затоа, не се препорачуваат топли супи и билни чаеви кога имате воспалено грло, туку напротив, треба да се пие студено и да се “гаси пожарот”. Топлите и лути напитоци повеќе се препорачуваат при настинки и белодробни болести кога е потребно да се загрева телото.
Изминатиов период беше променливо времето и вообичаено ме фатија крајниците. Денес додека бев на работа започна болката, особено при голтање, па веднаш си купив 2 литри студен јогурт и почнав да го пијам.
Веднаш почувствував олеснување. Решив да го споделам ова со вас, со надеж дека некому ќе му помогне овој совет кој мене ми е спас и “поминувам” без антибиотици” – завршува нашата читателка на која и благодариме за споделеното искуство и корисниот совет.