Фотографија и рецепт на Александра од Брзи Колачи.
Неверојатно вкусни и сочни колачи, кои буквално се топат во уста. За сите сладокусци на чоколадните колачи ова е одличен рецепт.
Потребни состојки: 6 белки, 2 жолчки, 150 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 30 мл вода, 30 мл масло, 3 лажици какао, 150 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво и 1 прстофат сол. За сируп: 300 мл вода, 100 г шеќер, 4 лажици капучино, рум по желба
За крем: 4 жолчки, 200 г шеќер во прав, 3 лажици какао, 200 г путер, рум по желба. За глазура: 100 мл вода, 100 г кафеав шеќер, 200 г чоколадо за готвење
Постапка: изматете ги белките со прстофат сол, па со постепено додавање на шеќерот и ванилин шеќерот, продолжете со матење додека тој да се растопи и да добиете цврст снег. Потоа додавајте ги жолчките, една по една, и продолжете со матење. Постепено додавајте вода и масло во тенок млаз.
На крај додајте ги брашното, какаото и прашокот за печиво и сето убаво соединете го. Смесата излејте ја во обложен плех со величина 20х25 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени 30 минути, во зависност од рерната.
Додека се пече кората пригответе го сирупот: Ставете водата да зоврие, додајте го шеќерот, па кога ќе зоврие тргнете го тенџерето од оган и додајте го капучиното. По желба додајте рум. Оставете да се олади.
Пенасто изматете ги жолчките заедно со шеќерот, па сварете ги на пареа (тенџере врз тенџере, во долното водата треба да врие, а во горното жолчките да се матат додека да згуснат). Варете ги 10 минути, додајте какао, па тргнете на страна да се лади.
Изматете го пенасто путерот, па постепено додавајте му го целосно изладениот путер. По желба додајте рум. Кората пресечете ја хоризонтално. Испрскајте ја едната кора со половина од сирупот, премачкјате со кремот, поклопете со другата кора, па и неа испрскајте ја со остатокот од сирупот. Исечете коцки и прелијте со глазура.
За глазура: Ставете вода и шеќер да зоврие, па додајте го искршеното чоколадо и мешајте додека да се растопи. Оставете ги коцките во фрижидер еден час.
Фотографија и рецепт на Александра од Брзи Колачи (BrziKolaci.com).