Рецепт и видео прилог на Том Филос: Пастицио. Ова е традиционално грчко јадење наречено пастицио. Едноставен и вкусен ручек кој ќе сакате често да го правите.
Потребни состојки: Малку масло, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 500 г мелено месо, сол и црн пипер во прав, по вкус, 250 мл доматен сос и 1 лажичка црвена зачинска пиперка во прав
За бешамел: 50 г маргарин/путер, 50 г брашно, 600 мл млеко, 200 г рендан кашкавал и 2 жолчки. И уште ќе ви биде потребно: 200 г варени макарони и 200 г рендан кашкавал за одозгора
Постапка: На загреано масло пропржете го ситно сечканиот кромид додека да омекне и застакли. Потоа додадете и две ситно сечкани чешниња лук. Во динстаниот кромид додадете 500 г мелено месо и убаво соединете го. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
Динстајте додека месото да ја смени бојата и испари течноста, а пред крајот додадете 250 мл доматен сос. Динстајте уште неколку минути, па додадете една лажичка црвена зачинска пиперка во прав. Промешајте и гответе уште неколку минути, па садот ргнете го на страна.
За бешамел: Во подлабоко тенџере на тивок оган растопете 50 г путер/маргарин (внимавајте путерот може брзо да потемне ако е силен огнот), па додадете 50 г брашно и мешајте да се соедини. Постепено додадете 600 мл ладно млеко и зачинете со сол и црн пипер.
Додадете и 200 г рендан кашкавал и мешајте додека тој да се растопи. На крај во бешамелот додадете 2 жолчки и со постојано мешање соединете ги во смесата. Во намастен плех со средна величина истурете ги претходно сварените макарони, преку нив рамномерно распоредете го прженото мелено месо.
Одозгора наросете со 1-2 раце рендан кашкавал, прелијте го бешамел сосот, а одозгора наредете уште 200 г рендан кашкавал. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 45 минути. Деталите со постапката можете да ги погледнете во видеото: