Едноставен рецепт кој на сите им успева а тортата има предобар вкус и изглед, лесно се сече и погодна е за разни пригоди. Уживајте во готвењето!
Непечена, кремаста, брза торта со плазма кекси, нутела, слатка павлака и млечно чоколадо.
Потребни состојки:
300 г мелени плазма кекси
125 г путер или маргарин
4 лажици мед
сок од еден портокал или 100 мл купечки сок
4-5 лажици нутела
за фил:
500 мл слатка павлака
200 г бело млечно чоколадо
200 г црно млечно чоколадо
2 кесички шлаг крем од ванила – за украсување
200 мл ладно млеко
Постапка:
Со раце замесете ја кората од кексите, путерот, медот и сокот. Смесата истресете ја во калап 26 см и убаво распоредете и натапкајте за да се формира првиот слој, односно кората на тортата. Преку кората премачкјате еден тенок слој нутела и ставете во фрижидер да се стегне.
Кога нутелата ќе се стегне, изматете слатка павлака да биде средно цврста, па поделете ја на два еднакви делови. Во едниот дел додадете растопено бело чоколадо, а во вотриот растопено црно чоколадо. Чоколадите може само да ги омекнете во топла рерна или во микробранова печка.
Преку нителата премачкјате го белиот фил, потоа темниот фил и на крај изматете плаг крем според упатството. Тортата оставете ја во фрижидер, најдобро да преноќи до следниот ден. Деталите можете да ги погледнете во видеото: