Рецепт и видео прилог на Јеца Сваштарица: Брзи солени мафини.
Здраво на сите! Ова е рецепт за многу вкусни и брзи солени мафини, не смеете да ги пропуштите. Ви предлагам одлична идеја за појадок или вечера, кога не знаете што да приготвите или немате доволно време. Меки се, пуфкасти и растресити, уживајте во нив.
Потребни состојки: 1 тиквичка со средна големина, 1 црвена свежа пиперка, 2 јајца, 250 г кашкавал или тврдо сирење по избор, ½ кесичка прашок за печиво, 125 г брашно, 1 лажичка сол и ½ лажичка црн пипер во прав
Постапка: Веднаш на самиот почеток вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, бидејќи мафините многу брзо се приготвуваат. Во подлабок сад изматете ги јајцата со една мала лажичка сол и половина лажичка црн пипер во прав. Тиквичката излупете ја и изрендајте ја на крупната страна од рендето.
Не треба да да отстојува и да се чека да го отушти својот сок, ренданата тиквичка веднаш се става во изматените јајца. Додадете и една црвена пиперка, исечкана на ситни коцкички.
Кашкавалот изрендајте го, па и него додадете го во смесата. Промешајте додека добро да се поврзат состојките. Потоа во смесата додадете половина од брашното (околу 60 г) и половина кесичка прашок за печиво и промешајте.
На крај додадете ја преостанатата количина од брашното и промешајте уште еднаш. Оваа количина е доволна за 6 мафини, а доколку сакате повеќе зголемете ја смесата.
Калапите малку намастете ги со масло, па наполнете ги со смесата. Ставете ги да се печат во загреана рерна околу половина час на 200 степени. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото: