Мастите околу стомакот и нозете најтешко се елиминираат, поради различни фактори, а многумина поради тоа се очајни. После држење на макотрпни рестрикциски диети и слабеење од 10-тина килограми, сепак и натаму остануваат мастите на стомакот и на некои несакани делови од телото.
Рецептот за овој напиток се појави на Интернет и многумина го пробаа и се задоволни. Еве како тој делува: Телото ги согорува мастите навечер кога ќе си легнете да спиете. Затоа, најдобро е да спиете осум часови, зошто со секое скратување на вашиот сон, вие не само што го кратите овој процес, туку дополните придонесувате за таложење на нови слоеви масти.
Телото во текот на сон од 8 часови ги закрепнува и развива мускулите, но ништо не прави со мастите. За да се активира овој процес за топење на мастите и да се забрза метаболизмот, потребно е телото да продолжи да ги согорува калориите и додека спиете. Овој напиток токму тоа го прави.
Искуствата велат дека ако не јадете ништо неколку часови пред спиење, а потоа го испиете овој напиток, може да согорите барем половина килограм. Но, тоа не е сè, ќе си го погледнете своето тело утрото кога ќе станете! Најпрво погледнете ги своите нозе и стомакот како се “издишани” и спласнати. Еден час пред спиење треба да го консумирате следниот напиток:
Потребни состојки: 1 лимон, 1 китка магдонос, 1 јаболко (*ако не сте вечерале), 1 полна лажичка цимет, 1 лажица јаболкова киселина, 1 мала лажичка рендан ѓумбир, 1 мала лажичка мед и 1 чаша вода.
Постапка: Лимонот исцедете го, па заедно со измиениот магдонос ставете ги во блендер. Доколку не сте вечерале можете да додадете и половина или цело јаболко, во спротивно исклучете го од рецептот. Додадете ги и останатите состојки.
Со постепено додавање на водата миксајте додека да добиете изедначена смеса. Уште подобро доколку наместо вечера го испиете овој напиток. Луѓе што го пробале тврдат дека иако за појадок јаделе печиво, за ручек месо со ориз, па дури и малку чоколадо, а потоа наместо вечера го пиеле овој напиток, сепак следниот ден биле за половина килограм послаби од претходниот ден.