Рецепт и видео прилог на Снешка од Да Готвиме Лесно (Kuvajmo Lako) – Крофни од рерна. Ако сте обожавател на крофните но ги одбегнувате поради тоа што се пржат и впиваат масло, пробајте ги овие меки и мирисни крофни од рерна, ќе ве воодушеват.
Потребни состојки: 10 г свеж квасец, 100 мл млако млеко, 1 ванилин шеќер, 3 лажици шеќер, 1 јајце, малку сол, 300 г брашно и 30 г путер. За фил: 2 лажици павлака 20% мм – 100 мл – милерам, 1 ванили шеќер, 1 лажица шеќер, 1 јајце за премачкување и шеќер во прав за наросување
Постапка: Во длабок сад издробете 10 г свеж квасец со 100 мл млако млеко, па додадете 1 кесичка ванилин шеќер, 3 лажици шеќер, 1 јајце и прстофат сол. Промешајте да се изедначи.
Од вкупното брашно (300 г) оставете на страна една лажица, а остатокот ставете го во смесата со квасецот. Замесете со рака додека да добиете меко и лепливо тесто, а пред крајот додадете ја и онаа една лажица што ја тргнавте на страна.
Кога тестото ќе почне да се одвојува од ѕидот на садот, додадете му 30 г путер омекнат на собна температура. Може да се стави и маргарин, но путерот дава многу поубав вкус. Полека замесете го путерот во тестото додека целосно да се впие, а потоа покријте го и оставете го да стасува еден час.
После еден час кратко премесете го и развлечете го во кора со дебелина од околу 4-5 милиметри. Со чаша или модла вадете кругови. За полесно да се сече тестото чашата валкајте ја во брашно. Крофните редете ги во плех обложен со хартија за печење, а остатокот од тестото повторно премесете го и развлечете го во кора. Вадете кругови додека има тесто. Покријте ги и оставете ги да стасуваат 30 минути.
За тоа време пригответе го филот: Две лажици милерам (к.павлака со мин.20% млечни масти) измешајте со 1 кесичка ванилин шеќер и 1 полна лажица шеќер. Промешајте и соединете.
После половина час набрашнете го дното на една чаша со помал обем од крофните, па одозгора притискајте ги и правете вдлабнување. Страните на секоја крофна премачкајте ја со изматено јајце и полнете ги со по едно лажиче од павлаката. Крофните печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: