Ешерихија коли е бактерија со која повеќето жени се среќаваат во текот на животот, а бидејќи оваа бактерија е упорна и досадна, потребно е да се “сосече” во корен. Во тоа ќе помогне овој природен лек.

Ешерихија коли е една од најпознатите бактерии која живее во долниот дел од дигестивниот тракт. Иако најмногу се поврзува со инфекции на уринарниот и дигестивниот систем, може да предизвика и воспаление на жолчната кеса, белите дробови, менингитис и тешки облици на сепса.

Токму оваа бактерија е виновник за 90% од уринарните инфекции. Симптомите кои укажуваат дека пости абнормален раст на бактеријата и постоење на инфекција се: зголемена телесна температура, мачнина и повраќање.

Доколку не се лекува може да доведе до откажување на бубрезите. Со овој народен лек ќе се ослободите од тегобите и ќе спречите повторна појава на инфекцијата.

Потребни состојки:

250 г корен од магдонос
250 г лимон со кора
200 г мед
200 мл маслиново масло

Постапка:

Убаво измијте го коренот од магдонос и сомелете го, а истото направете го и со лимонот. Измешајте добро, па додадете и 200 г мед и 200 мл маслиново масло.

Оваа мешавина чувајте ја во стаклена тегла и консумирајте по една лажица пред вечера. Откако ќе ја потрошите целата доза направете лабораториска анализа. Доколку бактеријата е сè уште присутна, повторете ја постапката уште еднаш. Со втората доза треба целосно да се искорени.