Рецепт и видео прилог на Том Филос: Пица од леб
Еве еден начин како можете од стар леб да направите пица повкусна дури и од оригиналната. За да ја приготвите потребни ви се само 5 минути и да ја испечете уште 10. Многу брзо и вкусно јадење.
Потребни состојки:
Малку путер
5 јајца
1 прстофат сол
200 мл млеко
стар леб исечен на парчиња (5 парчиња)
кечап
печурки
кашкавал
шунка или друго усвомеснато по желба
Постапка:
Тркалезен калап за печење пици убаво намастете го со путер. Јајцата скршете ги во подлабок сад, изматете ги со маталка, посолете ги и додадете го млекото (една чаша). Промешајте да се изедначи.
Секое парче леб натопувајте го во смесата и редете го во калапот пополнувајќи го секој празен простор. Откако ќе го обложите целото дно со леб, остатокот од смесата прелијте го одозгора.
Ставете да се пече во добро загреана рерна на 230 степени, 10 минути. Извадете ја тепсијата од рерна и запечената пица од лепчиња премачкајте ја одозгора со кечап, а потоа збогатете ја по желба со печурки, кашкавал, шунка…
Вратете ја пицата во топлата рерна да се допече уште 5 минути на 250 степени. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: