Кога сме млади имаме брз метаболизам и полесно ја одржуваме телесната тежина, но како што старееме ја губиме виталноста, а килограмите како сами да се зголемуваат. Слабеењето некогаш се чини за невозможна мисија.

Доколку имате вишок килограми од кои сакате на природен и безбеден начин да се ослободите, обидете се со овој домашен чај кој се приготвува од зачини кои веќе ги имате во кујната.

Хранливите состојки кои се содржат во зачините не само што се корисни за вашето тело, туку исто така, можат да го забрзаат метаболизмот и да го поттикнат согорувањето на мастите.

На тој начин ќе успеете да се ослободите од подуеноста и неколку вишок килограми и тоа без да гладувате.

Секако, препорачливо е да се храните поздраво, да внесувате повеќе течности во организмот и да бидете повеќе физички активни за да ги “подмачкувате” зглобовите и да го одржувате тонусот на мускулатурата.

За да го приготвите чајот потребни ви се четири зачини и тоа: ловоров лист, цимет, ким и кардамон. Истражувањата покажале дека чајот приготвен од овие зачини значително помага во топењето на масното ткиво.

Ловоровиот лист содржи антиоксиданти и минерали кои помагаат да се исфрлат солите од организмот. Го забрзува метаболизмот и прави детокс на организмот.

Циметот го подобрува варењето на храната, го нормализира шеќерот и крвниот притисок. Исто така, помага во подобрување на дигестијата.

Кардамонот го ублажува стресот. Во бројни истражувања се тврди дека зголемувањето на телесната тежина е резултат на прекумерен стрес. Кардамонот го намалува високиот крвен притисок и исто така, го забрзува процесот на согорување на маснотиите во телото.

Кимот е одличен за намалување на подуеноста, ги смирува гасовите и грчевите во стомакот и самостојно помага во согорување на мастите и топење на вишокот килограми.

Потребни состојки:

2-3 ловорови листови
1 лажичка цимет
1 лажичка ким
2 зрна кардамон
600 мл вода

Постапка:

Ставете ги зачните во вода и откако ќе зоврие варете околу 2 минути. Поклопете и оставете да излади. Една чаша испијте наутро пре појадок, а другите две пред ручек и вечера.

Пијте го во период од еден месец, а потоа направете пауза од 10 дена.