Најдоброто природно средство за воспление и болки во зглобовите е ѓумбирот. Заедно со маслиновото масло може да се приготви моќен природен лек кој може да се консумира орално и да се мачка надворешно.
На тој начин се постигнуваат најбрзи и најефикасни резултати. Маслото од ѓумбир помага да се обнови зглобната ‘рскавица и спречува нејзино понатамошно оштетување, ги ублажува воспаленијата и болките кај остеопороза, артритис, реума, гихт и други состојби.
Ја подобрува циркулацијата, загрева и поттикнува релаксација на мускулите, нервите и тетивите.
Потребни состојки:
5-6 см свеж корен од ѓумбир
300 мл маслиново масло
Постапка:
Излупете го и ситно изрендајте го свежиот ѓумбир (за овој рецепт не се користи во прав, туку исклучиво свеж). Ставете го во стаклена тегла и прелијте го со маслиново масло. Затворете и добро протресете.
Оставете да отстои 8-10 дена со секојдневно протресување, а потоа процедете го маслото преку газа и добро истискајте го. Складирајте го маслото во стаклено шишенце и чувајте на ладно и темно место.
За најдобри резултати се консумира трипати дневно по една чајна лажичка пред оброк. Надворешно мачкајте го болното место 2-3 пати дневно.
Само една лажичка масло од ѓумбир има поголем ефект од една таблета ибупрофен, против различни болки…
Едно ново истражување, кое е објавено во списанието “Arthritis”, открива дека ѓумбирот делува на намалување на болките подеднакво како и лековите против болки, како на пример ибупрофенот.
Иако ибупрофенот е еден од најпопуларните лекови против болки, сепак ова истражување покажува дека тој не влијае врз намалувањето на нивото на цитокините во телото. Цитокините можат да бидат негативни и позитивни, а негативнитие се вид на супстанција која ги шири воспалителните процеси во телото.
Истражувањата покажале дека негативните цитокини се поврзани со влошување на симптомите на артритис и остеоартритис. За ѓумбирот научно е докажано дека има антиинфламаторно (противвоспалително) дејство и значително го намалува нивото на цитокините во телото.
Dr. Krishna C. Srivastava, која била водач на тимот кој го правел истражувањето, вели: „Ѓумбирот е добро познат по своите одлични лековити својства, а ова истражување уште еднаш го потврди тоа“. Повеќе за рецептот можете да слушнете во видеото ОВДЕ.