Јачменот е житарица која е богата со витамини од Б комплексот, магнезиум, манган, селен, цинк, протеини, диетални влакна… Сите овие благодети можете да ги искористите доколку направите јачменова вода.
КАКО СЕ ПРАВИ ЈАЧМЕНОВА ВОДА
Измијте го јачменот под млаз ладна вода, а потоа потопете го и оставате го да отстои во вода (да биде прекриено зрното) најмалку 4 часа. Процедете го и измешајте го со 600-800 мл вода. Ставете го на оган и варете го додека да зоврие. Потоа намалете ја температурата и оставете го да да се вари поклопено 45 минути до еден час, додека да омекнат зрната. Оставете да излади, па процедете. Се пие 1 до 2 шолји јачменова вода дневно. Ако сакате да го подобрите вкусот, додадете малку лимонов сок или мед. Оваа вода е добра за следниве здравствени проблеми.
Помага кај уринарни инфекции
Оваа лековита течност е одличен диуретик и помага за функционирање на уринарниот тракт. Покрај тоа, јачменовата вода делува позитивно на бубрезите и има антивоспалително дејство.
Поттикнува слабеење
Јачменовата вода е одличен напиток за оние кои сакаат да ослабат. Содржи многу влакна и долго време ве одржува сити. Покрај тоа, овој напиток го забрзува метаболизмот на маснотиите. За да го забрзате слабеењето, пијте по 3 чаши јачменова вода на ден.
Намалува холестерол
Со глед на тоа што содржи многу нерастворливи влакна, јачменовата вода го регулира нивото на лошиот холестерол во крвта и на тој начин влијае позитивно врз кардиоваскуларното здравје.
Го чува срцето
Покрај тоа што го регулира нивото на холестеролот, јачменовата вода го чува и срцето, така што делува превентивно врз појава на атериосклероза.
Помага во дигестијата
Со оглед на тоа што има алкална природа и е богата со влакна, јачменовата вода е одлична за здравјето на системот за варење и помага при запек, хемороиди и гастритис. Овој напиток се препорачува и во случаи на дијареја, со цел да се надоместат загубените течности и да се врати рамнотежата на електролитите.
Го контролира нивото на шеќер во крвта
Јачменовата вода им се препорачува на оние кои патат од дијабетес, бидејќи помага во стабилизирањето на нивото на гликозата во крвта. Покрај тоа, јачменот го намалува ризикот од дебелеење и на тој начин делува превентивно на појавата на дијабетесот тип 2.
Ја негува кожата
Јачменовата вода помага во исфрлањето на токсините од телото и со тоа кожата ја одржува здрава и еластична. Покрај тоа, јачменот ја содржи и состојката наречена азелаик, која делува ефикасно против акни и ги намалува воспаленијата. Антиоксидансите во јачменот ги спречуваат слободните радикали и го спречуваат предвременото стареење на кожата. Јачменовата вода може да се користи и како маска. Нанесете ја на лицето, оставете ја да делува 10 минути, а потоа измијте ја.
Го јакне имунитетот
Јачменовата вода е вистинска имунитетска бомба која содржи многу лековити состојки, како Б витамини, железо, цинк, магнезиум, селен… Исто така, и бета-глуканите во јачменот играат важна улога во јакнење на имунитетот.