Рецепт и видео прилог на “Тушба”: Погача мека како памук.
Ова е рецепт за крофнеста погача чие тесто се подготвува одвечер, а наутро ја имате готова за само 5 минути. Има прекрасен вкус и мека е како памук. Секако, можете да ја приготвите и истиот ден, само оставете го тестото добро да стаса 1-1,5 час на собна температура.
Потребни состојки: 3 г сув квасец ( ½ лажичка), 1 лажица шеќер, 100 мл млака вода ( ½ чаша), 40 мл маслиново масло ( ¼ чаша), 100 мл млако млеко ( ½ чаша), 1 белка од јајце, 360 г брашно (3 чаши), 1 лажичка сол, кашкавал по потреба и 1 жолчка + 1 лажица масло за премачкување
Постапка: Во еден сад ставете половина лажичка сув квасец, 1 лажица шеќер, половина чаша млака вода и исто толку млеко, како и 40 мл маслиново масло. Промешајте за да се растопат и соединат состојките. Потоа додадете една белка од јајце.
Промешајте и постепено додадете 360 г брашно. Прво мешајте со лажица, а потоа месењето продолжете го со рака. Месете околу 2-3 минути. Тестото треба да биде меко, мазно и да не се лепи на рака. Вака приготвеното тесто оставете го во поголем пластичен сад со капак.
Поклопете го и оставете го на собна температура до следното утро. Следниот ден тоа ќе биде убаво стасано. Нежно без премногу притискање премесете го за да го формирате во топка, па со намастени дланки префрлете го тепсија обложена со хартија.
Многу малку масло на дланките е доволно за да се намасти целото тесто. Притиснете го со дланките и формирате тркалезна погача. Со остар но-ж направете засеци, односно исечете 16 триаголници. Помеѓу секој триаголник, на секој засек ставете долгнавесто парче кашкавал.
Погачата покријте ја со крпа и оставете да одмори 15 минути на собна температура. Потоа премачкајте ја со изматена жолчка со малку масло. Украсете со сусам или друго семе по желба. Ставете да се пече во загреана рерна на 185 степени, 15-20 минути или додека убаво да зарумени. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.