Старите познавачи и билкари се согласни: Кога ќе ја исчистите лимфата и подобрите нејзината циркулација, ќе си го спасите целото тело.
Лимфниот систем е еден од најсложените и најтаинствените човекови системи. Служи за елиминација на отровите од телото, особено на бактериските и габично-паразитските отрови. Всушност, човековиот имунитет зависи од овој систем, а имунитетот значи живот.
Ако функциите на лимфниот систем се нарушени, до 83% од штетните материи се насобираат во меѓуклеточниот простор и како резултат на тоа настанува “загадување” на лимфниот канал.
Тоа го зголемува оптеретувањето на сите органи и детоксикацијата: црниот дроб, цревата, бубрезите. Како што се чини, добрата работа на лимфните садови е заслужна за добрата работа на сите органи.
Ви го претставуваме рецептот на познатата Елена Свитко од книгата “Златни рецепти”, кој ќе му помогне на вашето тело да го исчисти лимфниот систем многу брзо. Сите билки можете да ги набавите од Билна аптека. Таа препорачува три вида чај, од кој првиот е преземен од чешката исцелителка Роса Фалешникова:
Потребни состојки:
25 г лист од рузмарин
20 г цвет од мајчина душичка
15 г нане
10 г цветови од глог
10 г кора од дрвото клен (Acer campestre)
10 г корен од анѓелика
Постапка:
Измешајте по две лажици од сите состојки (или според наведените количини) и целата мешавина прелијте ја со 1 литар ладна вода. Ставете да зоврие 5 минути, а потоа тргнете на страна и поклопено оставете еден час да излади. Процедете и пијте во текот на денот заблажено со малку мед. Овој чај се пие во текот на 14 денови. Проверено ја подобрува лимфната дренажа.
ЧАЈ ОД БЕЛИ БИЛКИ
10 г бела коприва (lamium album)
10 г бел багрем – цвет
5 г цвет од камилица
5 г цвет од бел јоргован
10 г бел лепавец
Од оваа мешавина земете една лажица и прелијте со 250 мл зовриена вода. Оставете 15-20 минути, процедете и пијте во текот на денот во мали голтки. Овој чај се пие 7 дена.
РЕЦЕПТ ЗА РАДИКАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ЛИМФАТА
500 мл загреана вода на 40 степени
1 лажица магнезиум сулфат
1 лимон – сок
1 грејпрут – сок
1 портокал – сок
Во топлата вода растворете една лажица магнезиум сулфат (од аптека), па додадете свежо исцеден сок од наведените агруми. Овој напиток најдобро е да го испиете наутро, но во ден кога не одите на работа, бидејќи ќе добиете нагон за празнење и тоа веднаш после испивањето на оваа течност.
Приготвената мешавина за детоксикација на лимфата треба да се пие наутро во мали голтки, а после тоа да се избањате во када полна со топла вода во која претходно сте раствориле 1 кг морска сол.
Магнезиум сулфатот изненадувачки ефикасно ја чисти лимфата, а кога се комбинира со цитрусни плодови, го средува целиот лимфен систем. Во текот на празнењето ќе можете да забележите колку токсични материи ќе излезат од вас.
Магнезиум сулфатот делува како магнет, па може да извлече до 16 литри токсини и друг отпад од лимфата (особено кај дебели луѓе)! После ова чистење треба да пиете чај од белите билки кои се погоре наведени, а истите можете да купите од Билна аптека или проверен билкар.