Буквално, ова е магично тесто! Запишете си го рецептот, ќе го користите често. Може да стои со денови, а идеално е за кифлички, пица, погача…

Од Ди-Го ни доаѓа еден убав рецепт за тесто кое може да се чува во фрижидер и да се користи кога и да ви затреба. Од истото тесто може да правите разни печива, солени или слатки. За солено додадете сол, а за слатко тесто додадете шеќер…

Потребни состојки:

200 мл млако млеко
1 коцка свеж квасец (42 г) или 2 кесички сув квасец
1 лажичка шеќер
1 кг брашно (меко)
1 прашок за печиво (10 г)
2 лажички сол (за солено тесто)
2 чаши јогурт (од 180 г)
200 мл млеко
2 јајца

Постапка:

Во подлабок сад ставете 200 мл млако тесто и во него издробете 1 коцка свеж ди-го квасец и додадете 1 лажичка шеќер. Промешајте за да се растворат состојките и оставете 10-тина минути за да се запени и да се активира квасецот.

Во 1 кг брашно додадете една кесичка прашок за печиво, па промешајте и направете вдлабнување. За солено тесто ставете 2 лажички сол, 2 чаши јогурт, 200 мл млеко, активираниот квасец и 2 јајца.

Промешајте најпрво со лажица, а потоа продолжете го месењето со рака. Тестото е меко и малку лепливо. Една поголема кеса во која ќе го сместите тесото намастете ја од внатрешната страна. Тестото истресете го во кесата, испуштете го воздухот и врзете ја кесата добро.

Кесата вратете ја во садот и ставете ја во фрижидер. Штом стаса тестото можете слободно да го користите (за неколку часови): со намастена рака или лопатка откинете онолку колку што ви е потребно. Кесата повторно врзете ја на истиот начин како и првиот пат, па вратете го тестото во фрижидер. Целата постапка можете да ја видите на видеото: