Рецепт и видео прилог на Том Филос – ПЕРЕЦИ.
Направете сами свои переци и уживајте во нивниот вкус. Од оваа количина излегуваат 6 переци.
Потребни состојки:
200 г брашно
14 г сув квасец
1 лажичка сол
200 мл ладна вода
2 лажички сода бикарбона за водата за варење
крупна морска сол за наросување
Постапка:
Во 200 г брашно направете вдлабнување, па во него ставете го сувиот квасец (14 г), додадете една лажичка шеќер и промешајте. Тестото замесете го со постепено додавање на 200 мл ладна вода. Месете додека да добиете мазно и еластично тесто кое не се лепи на раце. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го да одмори во фрижидер најмалку половина час.
После добро премесете го на работна површина, формирајте валјак и поделете го на 6 еднакви делови. Формирајте топчиња, а од секое развлечете тенко валјаче со должина од 50-тина см, со тоа што средината ќе ја оставите малку подебела отколку краевите. Сплетете ги перечињата со вкрстување на краевите како што е прикажано во видеото.
Во длабоко тенџере ставете да зоврие вода додадете 2 лажички сода бикарбона и исклучете го огнот. Спуштајте ги перечињата во водата по 30 секунди и вадете ги со решеткаста лажица или решетка од фритеза.
Веднаш редете ги во плех обложен со хартија. Одозгора наросете ги со крупна моркса сол. Ставете ги да се печат во добро загреана рерна на 230 степени околу 15 минути. Деталите од постапката погледнете ги во видеото: