Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти.
Вкусни чоколадни бомбици кои навистина брзо се приготвуваат. Одлични се за секакви пригоди, излегуваат доста.
Потребни состојки:
200 г мелени бисквити
100 г кокосово брашно
100 мл млеко
125 г растопен путер/маргарин
за темни бомбици:
50 мл млеко
100 г црно чоколадо
100 г ореви
за бели бомбици:
50 мл млеко
100 г бело чоколадо
100 г кршени лешници
за валкање: кокос
Постапка:
Во подлабок сад ставете 200 г мелени бисквити (плазма или кекси по вкус), 100 г кокосово брашно, 100 мл млако млеко и 125 г ( ½ коцка) путер или маргарин. Убаво со рака измешајте ги состојките и измесете ја смесата за да се соедини и изедначи. Добиената смеса поделете ја два еднакви делови.
Во првиот дел ставете прелив од црно чоколадо: на оган загрејте 50 мл млеко, па во него растопете 100 г чоколадо искршено на коцки. Мешајте додека да се растопи и соедини.
Во вториот дел додадете прелив од бело чоколадо (50 мл млеко + 100 г бело чоколадо растопени на тивок оган). Двете смеси промешајте ги додека да ги впијат преливите.
Во белата смеса додадете 100 г кршени или мелени лешници (претходно малку запечени и изладени). Во темната смеса додадете 100 г кршени или мелени ореви. Уште еднаш промешајте и оставете смесите да изладат.
Потоа кинете од смесите и со дланките формирајте топчиња со величина по ваша желба. Белите топчињата валкајте ги во кокосово брашно. Деталите можете да ги погледнете во видеото: