Рецепт и видео прилог на Том Филос

Пригответе им го на вашите најмили највкусниот болоњезе сос кој одлично одговара со шпагети и други јадења. Болоњезе е познат италијански сос кој се приготвува со мелено месо, а потекнува од Болоња, Италија. Има најразлични верзии за негово приготвување, а најчесто користените состојки се: кромид, целер, морков, мелено месо, црвено вино и доматно пире. Рецептот на Том Филос е основен и едноставен, а многу вкусен кој може да се искористи за најразлични јадења.

Потребни состојки:

1 главица кромид
2 чешниња лукче
500 г мелено месо по избор
сол, црн пипер по вкус
250 мл доматен сок/пире
1 лажичка црвена зачинска пиперка во прав

Постапка:

Кромидот исечкајте го колку можете поситно, па запржете го во малку загреано масло. Издинстајте го неколку минути додека да омекне и застакли. Во кромидот додадете ситно исечкани две чешниња лук. Промешајте и намалете ја температурата, па оставете уште неколку минути под капак за да се допржи кромидот.

Потоа додадете 500 г мелено месо и убаво запржете го додека да се соедини со кромидот и да ја промени бојата. Зачинете со сол и црн пипер во прав, по вкус.

Кога месото добро ќе се запржи, додадете 250 мл доматен сос и промешајте. Динстајте уште неколку минути додека да испари вишокот течности, па додадете и една лажица црвена зачинска пиперка во прав.

Продолжете со пржењето постојано мешајќи додека да ја добиете посакуваната густина. Деталите од постапката на приготвувањето можете да ги погледнете во видео прилогот: