Сварете компир, испасирајте го во пире, додадете јајце, брашно и зачини, па формирајте тесто кое лесно се обликува. Филувајте ги бугер-палачинките и печете ги на загреано масло – прсти да излижеш!

Потребни состојки:

7 компири со средна величина
1 главица кромид
500 г мелени месо
25 г путер
160 г брашно или по потреба
1 јајце
сол, црн пипер, црвена зачинска пипер во прав по вкус
масло

Постапка:

Компирите измијте ги убаво со ладна вода, па излупете ги уште еднаш измијте ги од скробот. Потоа исечете ги на помали парчиња, прелијте ги со вода колку да бидат прекриени и ставете ги на оган да се сварат.

Една поголема главица стар кромид излупете ја и ситно исечкајте ја. Растопете малку путер на тава па во него пропржете го сечканиот кромид додека да омекне и застакли.

Додадете го меленото месо и пржете го додека да ја промени бојата и да испарат течностите. Посолете и запиперете по вкус и зачинете со црвена зачинска пиперка. Убаво испрженото мелено месо тргнете го на страна да излади.

Варениот компир испасирајте го и додадете му 25 г путер. Промешајте додека да се растопи и соедини. Во пирето додадете едно јајце, 160 г брашно, посолете и запиперете. Убаво промешајте додека да се соедини смесата.

Вадете од тестото мали топчиња, па на набрашнета работна површина формирајте дебели кори со големина колку дланката. Филувајте ги со мелено месо, затворајте ги и повторно формирајте ги во дебели палачинки.

Пржете ги на загреано масло од двете страни додека убаво да заруменат и послужете ги како главни јадење или како прилог. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: