Фотографија и рецепт на Даниела, која пиперките ги приготви на еден многу едноставен, а вкусен начин, за што не е потребно ниту да се пече, ниту да се готви.
Со вака приготвените пиперки ќе си обезбедите вкусна салата и прилог за сите јадења која ќе ви трае цела зима.
Потребни состојки: 5 кг црвени пиперки, 200 г сол, 250 г шеќер, 1 конзерванс, 500 мл алкохолен оцет 9%, 1 шолја за кафе масло, лук и магдонос во количина по желба
Постапка: Пиперките убаво измијте ги под млаз ладна вода, исцедете ги, а потоа исчистете ги од дршките и семето. Исечете ги на долгнавести ленти – филети.
Вака исечените филети од пиперки редете ги во едно поголемо тенџере. Одозгора сипете сол, шеќер, масло, конзерванс и оцет. Убаво со рацете промешајте.
Поклопете со капак и оставете да „зрее” 48 часа, а повремено во текот на овие два дена промешувајте ги состојките за подобро да се растопат солта и шеќерот.
После 48 часа пиперките можете да ги полните во претходно измиени и стерилизирани тегли, а помеѓу ставајте исчистено и исечкано лукче, како и свеж лист од магдонос по вкус.
На крај дополнете ги теглите со сокот кој го испуштиле пиперките и добро затворете со метални капаци. Тоа е сè, зимницата е готова.
Domacirecepti.net