Рецепт и видео со постапка: Валентина Машковиќ. Единствена обврска кај овој рецепт е во текот на 24 часа кога ќе се сетите, силно да го протресете садот со пиперките. Постапката за приготвување е многу лесна и едноставна, а можете да ја погледнете во видеото под пишаниот рецепт.
Потребни состојки: 5 кг измиени и исчистени пиперки, 1,5 кг исечкани моркови на тркалца, 1 китка магдонос, 2-3 главици лук, неколку ловорови листови, 2 кесички црн пипер во зрно, по вкус може да додадете лист од целер, рен…За солило: 100 г сол, 200 г шеќер, 50 мл есенција 1,5 кесичка винобран
Постапка: Пиперките убаво измијте ги под млаз ладна вода, избришете ги и исчистете ги од петелките и семето. Морковите исто така измијте ги исечете ги на тркалца. Во буренце или поголем пластичен сад со капак наредете ги пиперките, а врз нив истурете ги сечканите моркови.
Нема потреба да мешате или притискате. Додадете го и сечканиот морков. Во еден сад измешајте сол, шеќер, винобран и есенција. Промешајте и истурете врз зеленчукот. Садот убаво затворете го и оставете го 24 часа.
За тоа време неколку пати убаво протресете го садот. За ова време пиперките ќе го испуштат својот сок и вкусовите ќе се соединат. После 24 часа убаво полнете ги теглите и во нив додадете сечкан лук, црн пипер и ловоров лист. Течноста која ја испуштиле пиперките излијте ја во теглите, па затворете ги и чувајте ги се до отворање. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.