Фото и рецепт: Емилија Бечиќ

За овој рецепт ќе ви бидат потребни жолти пиперки сомборки кои може да бидат и лути доколку ова јадење го сакате попикантно.

Има повеќе начини за приготвување на овој деликатес. Според еден начин, пиперките отстојуваат во солена вода, па се полнат со кисела павлака, според друг рецепт откога ќе се наполнат со долеваат со млеко и се члека млекото да се закисели… Ова е еден од побрзите и поедноставните рецепти, но се добива неповторлив вкус.

Потребни состојки:

2 кг пиперки
2 кг сирење
1 кг домашна кисела павлака

Постапка:

Пиперките измијте ги, исчистете ги од семето и оставете ги да се просушат. Потоа во секоја пиперка ставете по половина лажичка сол, па рамномерно распоредете по целата внатрешност. Оставете ги пиперките со отворот кон горе да отстојат преку ноќ. Следниот ден исцедете ги од течноста која ја пуштиле, па оставете ги да се исушат.

Потоа полнете ги со филот од павлака и сирење кои сте ги помешале во блендер и сте додале сол.

Полнетите пиперки редете ги во тегли, најпрво ставајќи од смесата на дното од павлаката. Од смесата ставајте и околу пиперките, пополнувајќи ги сите празни простори.

Теглите покривајте ги со газа или салветка. За побрзо да закиселат оставете некоја тегла на собна температура еден ден. Теглите се чуваат во фрижидер и откако ќе закиселат се затвораат со добро стегнати капаци.

Фото и рецепт: Емилија Бечиќ