Пинџурот се јаде и летно и зимно време поради својот вкус кој одговара со секакво друго јадење, може да биде основа за подготвување на друго јадење или да се јаде самостојно. Направете си ја својата зимница лесно и едноставно. Ова е рецепт за прав пинџур.
Потребни состојки: 2,5 кг пиперки, 2,5 домати, 1 кг модар патлиџан, неколку лути пиперки по желба, свеж магдонос, 3-4 чешниња лук, 350 мл масло, сол, шеќер и 200 мл винска киселина
Постапка: Зеленчукот убаво измијте го со ладна вода и избришете го. Пиперките, доматите и модриот патлиџан испечете ги убаво и оставете ги во најлонска кеса да подизладат. Потоа излупете ги и исечете ги на коцки. Пиперките исцепкајте ги на ленти.
Готвење: Во големо тенџере ставете масло, оцет и доматите, додадете лажица сол и лажица шеќер. Варете додека да испари водата 50-60 минути.
Потоа додадете ги пиперките и модриот патлиџан, па продолжете го готвењето. На крај додадете лук и ситно сечкан магдонос.
Промешајте за убаво да се соединат сите состојки. Во стерилни врели тегли складирајте го сварениот пинџур. Потоа убаво затворете и вратете во рерна на 90 степени да се стерилизира еден час.
Потоа исклучете ја рерната и оставете ги теглите да се изладат во рерна преку цела ноќ. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото: