Професорот Христо Мермерски е бугарски генетичар, доктор и бивши дипломат во Вашингтон. Специјализирал во Англија, германија и САД. Предавал на 200 универзитети во 63 земји.
Христо Мермерски е човек кој се залага за здрав начин на исхрана. Тој смета дека секоја жена треба да јаде салата од пиперки и лук, или рендан морков и лук.
Според него, ваквата салата ќе и обезбеди на жената здравје, виталност и убавина. Еве го рецептот според кој можете да ја направите оваа лековита салата:
Потребни состојки:
-свежи пиперки
-магдонос
-лук
-сол
-масло
-оцет
Постапка:
1.Пиперките добро измијте ги и испечете ги во рерна на 200 степени 25-30 минути.
2.Потоа пиперките ставете ги во кеса за да омекнат додека да изладат, па излупете ги.
3.Ситно исечкајте го лукчето и свежиот магдонос. Измешајте ги со пиперките.
4.Зачинете со сол, масло и оцет по вкус. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: